Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Компаниите на ТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 48% удел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Компаниите на ТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 48% удел
Агровести

Компаниите на ТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 48% удел

Објавено 17/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Facebook
Сподели
Ad imageAd image

Трендот на зголемени економски активности во технолошко индустриските зони продолжува и во вториот месец од годинава – покажува најновата анализа на Дирекцијата за ТИРЗ.

Компаниите активни во зоните учествуваат со 48% од вкупниот извоз во националната економија, што е за 3 процентни поени повеќе од декември, со тенденција за понатамошен пораст. Истовремено вкупниот извоз од зоните во февруари 2021 е за речиси 17% зголемен во однос на февруари 2020 година. Овој пораст е за 1,6 процентни поени повисок од порастот на вкупниот извоз во јануари 2021, во однос на јануари лани.

И во однос на увозот компаниите во ТИРЗ учествуваат со околу 40% од вкупниот увоз во Македонија и во февруари изнесувал 249,3 милиони евра. Споредбено во рамки на зоните во февруари 2021 е регистриран благ раст од околу 2% во однос на февруари 2020. Покриеноста на увозот со извоз останува значителнна. Така, во февруари 2021 нето извозот достигнува скоро +20%, што е раст во однос на јануари 2021 за 2 процентни поени. Споредено со вкупната економија, покриеноста на увозот со извоз во јануари 2021 има позитивен тренд на подобрување од околу десет проеценти, но се уште е во минус 15,3%.

Бројот на вработени во зоните останува стабилен и во вториот месец од годинава. Во овие компании работат над 14.000 лица, при што кај дел од компаниите во тек се постапки за прием на нови работници. Според анализите на Дирекцијата за ТИРЗ, постојните договори со инвеститорите предвидуваат обврска за креирање на нови 7.500 работни места.

Имено ТИРЗ интензивно работи на развој на нов сет мерки за развој на човечкиот капитал, кој ќе придонесе кон поголема продуктивност и поголеми плати. Во овие процеси, иницирани од Дирекцијата за ТИРЗ, веќе се вклучени неколку меѓународни партнери како и компаниите инвеститори.

ТИРЗ веќе го имплементира и новиот модел на поттикнување на инвестициите, кој се фокусира на потребите на инвеститорите според кои се прилагодуваат и мерките и поддршката од државата. Само за последните три месеци во Дирекцијата за ТИРЗ се најавени или пристигнати писма за намери од повеќе постојни и нови инвеститори, со вкупен износ на нови инвестиции помеѓу 80 – 100 милиони евра.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Таг:ТИРЗ
Претходен напис Нов снежен бран го зафати Пијанечко-малешевскиот регион
Следен напис Пчеларките од „Меден Исток“ ги охрабруваат и другите жени кои имаат желба да одгледуваат пчели, да не се двоумат во одлуката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?