Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Првите количини пролетна зелка од Струмичко се извезуваат на балканските пазари и во Украина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Првите количини пролетна зелка од Струмичко се извезуваат на балканските пазари и во Украина
Агровест

Првите количини пролетна зелка од Струмичко се извезуваат на балканските пазари и во Украина

Објавено 17/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првите количини пролетна зелка, која почна да стасува за берба деновиве, се извезуваат на пазарите од повеќе балкански земји и Украина, информираат трговци од Струмичко.

Зелката се откупува за 35 денари за килограм, цена прифатлива за производителите и трговците.

-Иако станува збор за први количини откупена и извезена пролетна зелка, сепак сме задоволни од интересот на пазарите каде што ја пласираме. Најмногу извезуваме во Украина и на пазарите од повеќе земји од Балканот. Екот на бербата се очекува некаде на почетокот на април, а засега откупуваме зелка со тежина од околу половина килограм. Се надевам дека во врвот на производствената сезона ќе продолжи интересот за зелката – изјави Благој Витанов, трговец од Струмица.

И производителите потврдуваат дека се берат првите количини пролетна зелка, која освен на откупните пунктови, ја продаваат и на пазарот на големо во Струмица.

-Во нашето село Дабиле, кое важи за еден од поголемите производствени региони, бербата штотуку почна. Годинава ја засадивме порано во пластениците, но заради лошите временски услови очекувам со интензивна берба да почнеме во првите денови на април. За нас е најважно во текот на бербата да имаме задоволителни откупни цени и да нема големи осцилации во пласманот, како што беше случај порано – велат производители од селото Дабиле.

Покрај пролетната зелка тече и откупот на зимската, која трговците ја откупуваат по 8 денари за килограм.

Инаку, во Струмичкиот регион се засадени над илјада хектари под пролетна зелка и се очекува принос од над 50 илјади тони.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Раст и на извозот и на увозот во првите два месеца од годинава
Таг:зелкаизвоз
Претходен напис Пчеларките од „Меден Исток“ ги охрабруваат и другите жени кои имаат желба да одгледуваат пчели, да не се двоумат во одлуката
Следен напис Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, во работна посета на Општина Валандово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?