Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Новаци за договорното производство на пченка: Ова го бараме со години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Земјоделците од Новаци за договорното производство на пченка: Ова го бараме со години
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Земјоделците од Новаци за договорното производство на пченка: Ова го бараме со години

Објавено 20/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Новаци вчера се одржа третата трибина од кампањата за договорно производство на пченка во организација на Агротим, компанијата „Голд Ланд“ и Земјоделското здружение – Современо земјоделство.

Според дебата која се водеше, прашањата на земјоделците и излагањето на условите за откуп кои ги нуди откупувачот, може да се заклучи дека средбата беше конструктивна и поддржана од страна на земјоделците од Општина Новаци.

Сите производители беа согласни дека договорното производство е најдоброто решение за нив, особено за условно кажано, помалите земјоделци на кои им треба некој вид на здружување за да може да бидат конкурентни и да им се исплати производството.

Во таа насока, на средбата се разгледуваа сите опции околу начинот на откуп, поддршка од страна на големите производители, мини откупен центар за пченката од овој регион и крајно затворање на процесот со носење на пченката во Компанијата „Голд Ланд“ во село Славеј, Прилепско.

Што се однесува до најважното за нив, цената на пченката, едногласни беа во ставот дека им одговара тоа што го нуди откупувачот, во договорите да пишува дека цената ќе биде берзанската во време на откупот, а исплатата истиот ден.

Кампањата за договорното производство ќе продолжи со потпишување на првите договори на земјоделците и компанијата откупувач „Голд Ланд“ , за што ќе информираме преку Агротим.

Но овде не завршува проектот, Агротим ќе продолжи да го следи целиот процес од сеење на пченката, едукација во извршување на агротехничките мерки, жетва, предавање на пченката и исплата од страна на „Голд Ланд“.

На овој начин сакаме сите земјоделци да се уверат во партнерскиот однос што ќе се гради меѓу земјоделците и откупувачот и да се охрабрат за следната година да се приклучат во проектот Договорно производство на пченка.

Целта е заедничка, сигурен пласман за земјоделците, сигурна домашна суровина за откупувачот, зголемено домашно производство за државата. Ваквите проекти имаат значење и за локалниот развој и се во интерес на општината. Тоа вчера го потврди и општината Новаци со безрезервната поддршка во реализирањето на трибината.

Може да ви се допадне

Во Градско трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“
Во Пробиштип трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Во Гевгелија трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“
Министерот Трипуновски во Кичево на трибина со земјоделците
Таг:договорноновацитрибина
Претходен напис Дали мешунките се култура на иднината?
Следен напис Оризопроизводителите во вторник на протест – Заев најави исплата на субвенциите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?