Овој вид зеленчук во денешно време се смета за клучно за сигурноста на храната, здрава исхрана и одржлив земјоделски – прехранбен систем.
Неколку растителни намирници прехраниле многу генерации, а мешунките се меѓу најзначајните. Општо познато е дека гравот и грашокот се враќаат повторно на нашите трпези, а исто така и леблебијата и леќата, а во последно време и сојата.
Овој вид зеленчук во денешно време се смета за клучен за сигурноста на храната, здравата исхрана и одржливите земјоделско-прехрамбени системи – е заклучокот на состанокот на Организацијата за храна и земјодлество на ОН (ФАО) по повод Светскиот ден на граорот, кој се обележува на 10 февруари.
Потребно е помалку вода
За нивно одгледување потребно е помалку вода отколку за другите извори на протеини, снабдувањето со вода станува сè поголем проблем во време на големите климатски промени. Генералниот директор на ФАО, Кју Донгју нагласува дека тие можат да се одгледуваат и на мали површини и се многу достапен извор на сигурна и нутритивно вредна храна, богата со протеини, влакна, витамини и микроелементи. Исто така, тие можат да го фиксираат атмосферскиот азот во земјиштето и да ги поправаат неговите физички, хемиски и биолошки карактеристики.
„Помалку ѓубриво значи и помала водена трага, а намалената потрошувачка на енергија значи пониска емисија на штетни гасови“, изјавил Донгју, додавајќи дека овие растенија имаат поголем однос на корист и трошоци од останатите основни производи.“
„Мешунките имаат долг век на траење. Кога фокусот на потрошувачка би се префрлил на нив, би можеле да го намалиме фрлањето на храната“, објаснува и додава дека оваа нивна карактеристика се покажала корисна во текот на пандемијата на ковид-19, бидејќи луѓето без пристап на свежи намирници сè уште можеле да консумираат мешунки.
И навистина, треба само да се потсетиме на првиот карантин, кога во многу семејства беше најважно да имаат доволни залихи на грав.
На глобално ниво, Индија е најголем производител и потрошувач на граори.
Во ЕУ најголем производител на овој вид е Франција, чиј министер за земјоделство и храна Жилиен Денорманди, рекол дека протеинските култури, особено мешунките, се посеви на иднината. Додава и дека целта на неговата земја е да се зголемат површините под тие култури за дури 40 отсто во текот на следните три години, а со тоа и потрошувачката, што ќе се поттикнува и низ програмата на училишен оброк.
Во минатата година забележан е пораст во потрошувачката на овој вид храна и тоа околу 9 отсто, а глобалното производство пораснало за повеќе од 50% во последниве 20 години.
Извор: agroklub.rs
Дали мешунките се култура на иднината?
2 коментари
2 коментари

Здраво.Обично мешунките во последниве години се многу нападнати од инсект гравов жижок.Би сакал да ми кажите дали постои средство кое би ги уништило.Благодарам.
Почитуван, ќе се консултираме со нашите соработници од Хемомак и ќе објавиме. Поздрав