Многу пчелари имаат дилема – дали да ги прихрануваат пчелите или не и ако ги прихрануваат, со што да го прават тоа и кога?
Искуствата се поделени, а мислењата различни, па со сигурност не може да се даде вистинскиот одговор на овие прашања, но за овој проблем треба да се подари одредено внимание.
Кога сè би било идеално, медот што го произведуваат пчелите во текот на годината би требало да се остави и за нивно презимување и за пролетен развој. Ако со пчеларство се занимаваме од економски причини, поголемиот дел од медот се продава додека останатиот дел го оставаме за пчелите. Затоа е важно делот што се зема за себе, пчеларот да им го надомести на пчелите со некоја замена.
Кај нас тоа најчесто е шеќерниот сируп. Неговата подготовка е многу едноставна – во топла (не врела) вода се растопува 1 кг шеќер на 1 литар вода, се чека да се излади, може да биде и млако и се истура во хранилките.
Од овој аспект, имајќи ја во вид цената на медот, прихранувањето е сосема оправдано. Од аспект на пчелите и не е. Истражувањата покажале дека пчелите прилично се трошат со преработка на шеќерниот сируп и дека групите хранети исклучиво со сируп доста слабо напредувале и имале помал број зимски пчели, за разлика од групите кои имале доволно мед од природата. За тоа во прилог зборува и тврдењето дека пчелите треба да се прихрануваат само и исклучиво со мед добиен на паша.
Ако сакаме некако да ги балансираме овие два принципа, за и на пчеларите и на пчелите да им биде добро, предлог е во никој случај целиот мед од природата што го прават пчелите да не се продава, туку да се остави онолку колку што е потребно за зазимување на пчелите. Тие количини се различни и зависат од начинот на пчеларење и типот на кошницата. За групи во ЛР-кошница, минимумот би бил 16 кг мед, а за групи во ДБ-кошница, најмала прифатлива количина за добро презимување не би смеела да биде помала од 20 кг. Во пролет, кога сакаме да го забрзаме развојот на пчелните друштва, би требало да се насочите на прихранување користејќи шеќерен сируп или погача. Со оваа постапка се поттикнува матицата засилено да лежи. Прихранувањето се препорачува и во случаи кога нема паша и се поставува прашањето за опстанок на групата.
Извор: zdravasrbija.com
Со што и како да ги прихранувате пчелите?
Остави коментар
Остави коментар
