Винскиот експерт Карен Мекнил дизајнираше комплет на чаши со име „Flavor First“, кој, по нејзините зборови, доволен е да ги исполни потребите и на најпребирливите винокусци.
Карен Мекнил, авторка на книгата „The Wine Bible“ и една од најпопуларните популаризатори на винска култура во Америка и ширум англосаксонскиот свет , го сврте на глава денес многу популарниот концепт според кој секоја сорта винова лоза треба да има своја винска чаша. Комплетот чаши за вино кој го дизајнирала има само три облици на чаши, а тие не се поврзани ни за сортата ни за бојата на вино, туку за неговите органолептички особини. Чашите чинат многу скромни 12,5 долари за парче, а Карен Мекнил тврди дека комплетот од три чаши е доволен за уживање во најголем број вина на планетата.
Мекнил за „Wine Searcher“ изјавила дека на идеја за овие чаши дошла во текот на разговорите со студентите на прочуениот Американски кулинарски институт. Многу мал број студенти рекле дека префираат вино од некои одредени сорти и главно велеле дека , на пример, сакаат „силни црвени вина“.
„Кога ќе го убедите светот дека секоја сорта бара сопствена чаша, каде е крајот во тоа? Тоа отиде толку далеку, па сега има луѓе кои од инает ги пијат сите вина од една чаша. Но и тоа е претерување, бидејќи чашата навистина влијае на перцепцијата на виното“ изјавила Мекнил и додала дека поминала 6 месеци дегустирајќи вина од 60 различни чаши.
„Никогаш не го разбирав начинот на кој чашите го „прават“ тоа. Дали е во прашање зафатнината или формата?“, се запрашала Мекнил и во текот на своето истражување заклучила дека најважен дел на чашата е оној кој во најголема мера влијае на доживувањето на виното – најширокиот дел на чашата. Во однос на тоа, чашата Crisp & Fresh е најширока на врвот, чашата Bold & Powerfulе е најширока на дното, а чашата Creamy & Silky е најширока на средина.
„Формата која најмногу ме изненади е Crisp & Fresh. Колку што е поширок делот на чашата што е поблиску до врвот, толку во него виното повеќе „ќе лудува“ кога е во прашање аромата. Не знам зошто е тоа така“, изјавила Мекнил.
Чашите од комплетот со име Flavor First ги произведува фирмата Oneida, која почнува глобална промоција на овој сет на кој се насмевнува убава иднина и тоа од повеќе причини: прва е секако поволната цена за чашата со одлично „педигре“, а втора е брилијантната одлука сите чаши да бидат со иста височина, што е сигурен „влез“, за светот на угостителството.
Извор: vinoifino.rs
Три форми на чаши за сите вина на планетата
Остави коментар
Остави коментар
