Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува договорното производство на сончоглед со поддршка на МЗШВ, можност за договорно за соја и маслодајна репка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Продолжува договорното производство на сончоглед со поддршка на МЗШВ, можност за договорно за соја и маслодајна репка
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Продолжува договорното производство на сончоглед со поддршка на МЗШВ, можност за договорно за соја и маслодајна репка

Објавено 23/12/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во МЗШВ се одржа средба на работната група за договорно производство на сончоглед со министерот Арјанит Хоџа, за продолжување на проектот за зголемено производство на индустриски сончоглед, кој започна пред две години со поддршка на Владата.

На средбата, се потенцираше успешноста на проектот со кој за две години тројно се зголеми производството, односно откупот на сончоглед од страна на откупувачот, прехрамбената индустрија “Кристал 1923“ од Велес.

-Можам да искажам задоволство од поддршката на идејата за поголем развој на договорното производство од страна на Владата пред две години и сегашниот интерес од страна на МЗШВ за продолжување на оваа соработка. Бројките покажуваат зголемување на производството што особено не радува и охрабрува дека следната година ќе биде уште поголем интересот од страна на земјоделците за оваа култура. Годинава нашата компанија го откупи сончогледот по највисока цена во регионот, а до крајот на годинава и целосно ќе биде исплатен на земјоделците, согласно договорот – изјави директорот на “Кристал 1923“, Горанчо Лазов и додаде дека неговата компанија е подготвена за договорно производство и откуп и на соја и маслодајна репка, доколку постои интерес од страна на земјоделските производители.

Со оглед на тоа дека сончогледот е пролетна култура, се сее во март месец, а интересот е голем кај земјоделците во периодот што следи ќе има кампања за што поголема информираност на земјоделските производители.

-Најважна е едукација на земјоделските производители и вистински информации кои ќе им помогнат да се придружат на оваа иницијатива. Веќе имаме двегодишно искуство и задоволни земјоделци кои го предаваа сончогледот во “Кристал 1923“ за да мотивираме што повеќе производители кои ќе имаат сигурност во производството. За таа цел ќе информираме преку платформата Агротим, а ќе одржуваме и средби инфо сесии директно на терен во соработка со советниците од АПРЗ. Во интерес на сите е зголемено домашно производство и повисоки приноси од сончоглед – истакна Ленче Николовска раководител на проектот Агротим.

На средбата беа присутни и директорите на компанијата „Биспромет агроцентар“ и претставници на Асоцијацијата за производство на сончоглед, Ангела Ѓеровска и Никола Петковски, кои исто така ја потврдија успешноста и перспективата на проектот за договорно производство на сончоглед.

-Можеме да потврдиме дека постоеше интерес од страна на земјоделците за сеење на сончоглед, во што бевме најдиректно вклучени преку авансирање на производството. Ние фактички ги кредитиравме земјоделците пред сеидба, а потоа со откупот се раздолжувавме. Имаме одлична соработка со откупувачот и се надеваме дека ќе продолжи овој проект заеднички со МЗШВ- изјави Никола Ѓеровски, директор на „Биспромет Агроцентар“ од Битола.

Министерот Хоџа, ја поздрави иницијативата и даде максимална поддршка на процесот за враќање на сончогледот на македонските ниви, но отвори и можност за поголем развој на договорното производство и за други култури.

-Mе охрабрува ваквиот начин на размислување и делување преку договорно производство бидејќи сметам дека тоа е најдобриот начин за сигурност на земјоделците но и стратешки пристап на државата кон земјоделското производство. На овој начин точно ќе знаеме што и како се произведува и ќе ја димензионираме поддршката која ја дава државата преку директните субвенции но и другите мерки кои ги креираме за зголемено домашно производство. Затоа очекувам овој проект да продолжи успешно да се реализира и да иницираме на овој начин да се организира производство и на други култури, како соја и маслодајна репка за која кај нас има услови за производство – истакна министерот Хоџа и додаде дека во периодот што следи МЗШВ сериозно ќе пристапи кон анализа на состојбата со овие две култури и со еден акциски план за реализација ќе започне земјоделската 2021 година.

Може да ви се допадне

Маслената репа – стратешка култура во современото одржливо земјоделство
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Европските земјоделци се залагаат за украинска царина од 10% на сончоглед, соја и репка
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
Дурмиши: „ Цената на јајцата се зголеми поради поскапувањето на пченката и сојата“
Таг:договорно производствомаслодајна репкасоја
Претходен напис Од годинашниот Буџет обезбедени 44 милинои денари за спас на Преспанското Езеро
Следен напис Заев: Секој што ќе купи државна нива или пасиште по ниска цена ќе мора да се занимава со земјоделие или сточарство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?