Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од град се преселиле во село и произведуваат органска зимница!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Од град се преселиле во село и произведуваат органска зимница!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Од град се преселиле во село и произведуваат органска зимница!

Објавено 29/11/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Триесетгодишната Невена Антиќ и нејзиниот шест години постар сопруг Иван, се запознале во Белград. Таа е по потекло од Косјериќ, а Иван од Куршумлија. Животот во големиот град на овие млади луѓе кои имаат и две деца не им бил лесен, имајќи во предвид дека  живееле со една плата и имале дополнителни приходи од продажба на земјоделски производи, произведени на семејниот имот на родителите на Невена.

„После пет години таков живот, во оглас видовме дека се продаваат 2,4 хектари земјоделско земјиште во селото Осладиќ кај Ваљево. Имаше куќа и помошни објекти но кога дојдовме да го видиме имотот, сè беше многу запоставено – на прагот од куќата најдовме змија, а  едно дрво буквално растеше на терасата. Еден месец секојдневно доаѓавме од Белград во Осладиќ , за да ја средиме куќата и да ја расчистиме, имаше навистина многу работа“, вели Невена Антиќ.

Здрава животна средина, но блиску од главниот град

Невена завршила средно земјоделско училиште, додека Иван е роден во Белград и сè до неговото доаѓање во Осладиќ немал никаква врска со земјоделството, па му било потребно некое време за да се навикне на ваквата работа.

„Живеевме во Белград пет години, нашите деца Ања и Никола се родени таму, а потоа решивме да најдеме место каде децата ќе растат во поздрава животна средина, а при тоа  да бидеме блиску до  главниот град. Ни требаа три години за  да го исплатиме имотот, па еве после четири години напорна работа, сега е многу голем дел уреден,многу е направено, но секако има уште многу работа “, вели Иван.

Преработка на овошје и зеленчук исклучиво според стари рецепти

Сега на својот имот Иван и Невена одгледуват повеќе видови овошје, исто така ги прилагодиле и помошните објекти во кои одгледуваат свињи.

„Засадивме малини, јагоди, капини, аронија, а имаме и сливи па, сето тоа го преработуваме. Правиме џемови, слатка, сокови, а сега е актуелна и зимницата. Немаме многу сливи, но нашиот сосед ни го даде неговиот овоштарник со сливи да го користиме. Ништо од овошјето не прскаме, пред се заради нашите деца. Сè што подготвуваме е според стариот рецепт, така што оваа година направивме многу џем од сливи, со или без шеќер, исклучиво од рерна “, вели нашиот соговорник.

Оваа година направиле 1.000 тегли со слатко и џем од сливи

Додека не почнат добро  да заработуваат од имотот, Иван се вработи во Осечина со цел да имаат сигурни приходи. Како што истакна Невена, оваа година имале голем интерес за сокови, џемови и слатка уште од пролетта кога таа почнала да ги  рекламира своите производи на Интренет страната што ја има пазарот во Ваљево. Во зависност од нарачките, производите им биле доставувани на купувачите од Белград и тоа неколку пати месечно.

„Имаме наши редовни купувачи од Белград, како и од Ваљево, но добиваме нарачки и од други места во Србија. Само оваа година направивме околу 1.000 тегли слатко и џем од сливи. Преработивме околу два тона од ова овошје. Сè што имаме од овошје,  годинава даде добар род, па одредена  количина на  малини и капини предадовме и на ладилниците. Главно сме фокусирани на овошјето, но имаме и малку зеленчук“, вели Невена, додавајќи дека не се надевале дека ќе има толку голем интерес за зимницата, така да за  следната година ќе планираат повеќе.

“Брзо се навикнавме на животот без врева од гужви и трки. Кога одиме во Белград – тоа е вистинска лудница  и едвај чекаме да се вратиме дома. Веќе се прашуваме како можевме  да живееме таму”, раскажува Иван Антиќ.

Она што им недостасува е земјоделската механизација.

“Немаме ништо од механизација за обработка на почвата. Имаме поднесено барања за средства за поттикнување на млади земјоделци кои живеат во село, но досега не сме добиле ништо од градот или државата. Имаме проблем со водата и со околу 400 метри пат што нас и  нашите соседи не поврзува со регионалниот пат Ваљево- Лозница кој е во очајна состојба. Му се обративме и на градското раководство и бевме подготвени да учествуваме во санацијата, но не ни излегоа во пресрет затоа што сметаат дека тука има малку население“.

Хуманитарната страна на  семејството Антиќ

Осумгодишниот Никола и седумгодишната Ања брзо се прилагодија на новата средина и на животот на село и не им е тешко да помогнат, забележува Невена. Овие млади луѓе се согласуваат дека треба да се работи многу, но и дека може да се заработи пристојна плата од работата на фармата.

Она што особено го истакнува овој млад брачен пар е нивната хуманост и желба да помогнат. Невена ги продава своите производи на интернет-аукции и дел од средствата ги уплаќа на сметки за лечење на деца за кои ваквиот начин на собирање средства или преку СМС пораки е единствената шанса да отидат на лекување.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Таг:Антиќдомашна зимницаовошје и зеленчукпреработкаџемови
Претходен напис Кои се чекорите за да произведете органска пиперка за која се добиваат 100% повисоки субвенции и има обезбеден пласман
Следен напис ЕУ бара од Бугарија да врати околу 6 милиони евра, средства наменети за проекти од Програмата за рурален развој – виновни се главно општините!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?