Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои се чекорите за да произведете органска пиперка за која се добиваат 100% повисоки субвенции и има обезбеден пласман
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Кои се чекорите за да произведете органска пиперка за која се добиваат 100% повисоки субвенции и има обезбеден пласман
Органско производство

Кои се чекорите за да произведете органска пиперка за која се добиваат 100% повисоки субвенции и има обезбеден пласман

Објавено 28/11/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Договорното производство на земјоделски култури е најдоброто решение за секој земјоделец бидејќи пред сеидба или садење тој ќе знае на кого точно ќе го продаде производот.

Ова најдобро се потврди со иницијативата за договорно производство на сончоглед кое започна пред 2 години и кое се покажа како успешно.

Во делот на градинарството, договорното производство може уште подобро да функционира бидејќи имаме сериозни преработувачки капацитети кои имаат потреба од домашна суровина конвенционално произведена, а уште повеќе има барање за органски производи во големи количини.

Токму затоа Платформата АГРОТИМ почнува кампања за поголемо информирање и едукација на земјоделците како да произведуваат органски производи.

Основните показатели ги знаме сите, а тоа е низок процент од 3% од вкупното земјоделско произодство кое отпаѓа на органското. Знаеме и за недоволната организираност, слаба информираност и особено влијание на менталитетот на нашиот земјоделец, главно тежок на промени.

Но, најдобро земјоделците може да се убедат и да се натераат да размислуваат за премин од конвенционално кон органско производство е доколку имаат сигурен обезбеден пласман и заработка. Другото е работа на едукација како да се направи тој премин во органско производство и да се заработи повеќе.

Во случајот со градинарските производи наменети за преработувачките капацитети, договорното производство може да одигра клучна улога затоа што примарните ќе бидат охрабрени од заедничкото делување со преработувачите. Имено, за цело време од семе, одгледување до берба, ќе има заедничка активност и следење на производството.

Започнуваме со едукација за производство на ОРГАНСКА ПИПЕРКА ОД СОРТАТА КУРТОВСКА КАПИЈА за која има интерес од преработувачката индустрија.

Што прво треба да знае земјоделскиот производител

Пред да започне со органско производство производителот треба да биде запознаен со Законот за органско поизводство  кој е изготвен според ЕУ регулативи. Секој сериозен земјоделски производител мора да биде детално запознат со условите и критериумите на органското производство, а тоа подразбира читање и едукација на таа тема.

Треба да се знае дека органското производство не претставува производство без ѓубрење и без третирање туку третирање со посебни препарати дозволени во органското производство.

Правила за премин од редовно во органско земјоделско производство (преоден период) се дадени во Член 36

Откако земјоделецот ќе ја одреди површината на која планира да произведува органска пиперка (или друга култура) треба да се склучи договор со една од двете сертификациски тела кај нас ПРО ЦЕРТ и „БАЛКАН БИОСЕРТ“ и да побара сертифицирање на таа површина. (Државата дава субвенции од 50% за сертификат)

После поднесувањето на барање инспекторите од сертификациското тело излегуваат на терен и даваат одобрение и мислење дали таа површина исполнува услови за органско производство.

Понатаму следи избор на семенски материјал

Кога се работи за одгледување на едногодишни култури и доколку површината веке добила сертификат за органско производство, треба да се внимава при изборот на семенски материјал. Семето кое се употребува мора да поседува сертификат за органско или доказ за нетретирано семе.

Понатаму следуваат сите стандардни операции како и во конвенционалното производство околу производството на расад,  но со напомена дека треба да се користат ѓубрива и прихрана дозволени во органско производство. Листата на овие средства ја имаат сертификациските тела.

Важно е да се знае дека употребата на хербициди  е строго забранета во органското производство.

Високи субвенции од 72 000 денари за хектар органска пиперка и други бенефиции од државата

Нашите земјоделци имаат поволни почвено – климатски услови за органско производство, а како поволност се и високите субвенции за ова производство.

Конкретно доколку се одлучите да произведувате органска пиперка од сортата куртовска капија тогаш имате 60 000 денари од хектар ( за 100% повисоки субвенции од конвенционалното производство кое изнесува 30 000 денари од ха).

Доколку површината ви е од 1 до 5 хектари тогаш имате 72 000 денари од хектар.

Ова зголемување е со цел да се зголемуваат површините кај малите земјоделски стопанства.

На оваа сума од 72 000 денари за хектар со органска пиперка куртовска капија, има и дополнителни субвенции од 6 денари (100% повеќе од конвенционално произведени) за предадени во преработувачки капацитет.

Пример ако предаде 5 000 килограми од хектар ќе добие плус 30 000 денари. Или заедно со субвенциите по површина вкупно 102 000 денари или 1 700 евра.

Државна поддршка има и за преработувачот доколку е регистриран за органско производство. За преработка на органски производи и органски производи во преод, поддршка до 10% од произведените до максимум од 150 000 денари по оператор.

Исто така земјоделскиот производител има субвенции од 50% има и за добивање на сертификат за органски производ.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Иротова: Се обработуваат барањата за исплата на субвенциите за тутунарите, предност се дава на тие што предале до 2 тона тутун
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Таг:органско производствооткуппиперки
Претходен напис Уште една успешна реколта на Митат Исмаиловски од Будаково: Висок принос и одлична цена на сончогледот од договорното производство
Следен напис Од град се преселиле во село и произведуваат органска зимница!
2 коментари 2 коментари
  • trajco напиша:
    на 26/02/2021 г. во 13:15 часот

    daj mi firmi kade mozam da sklucam dogovor jas sum od radovis mi odgovaraat firmi vo blizina strumica radovis stip

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 28/02/2021 г. во 16:36 часот

      Почитуван, во текот на наредната недела ќе се организира трибина за Договорно производство и ќе имаме повеќе информации и кои фирми ќе склучуваат договори. Следете Агротим, ќе објавиме. Поздрав

      Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?