Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ бара од Бугарија да врати околу 6 милиони евра, средства наменети за проекти од Програмата за рурален развој – виновни се главно општините!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ бара од Бугарија да врати околу 6 милиони евра, средства наменети за проекти од Програмата за рурален развој – виновни се главно општините!
Агровести

ЕУ бара од Бугарија да врати околу 6 милиони евра, средства наменети за проекти од Програмата за рурален развој – виновни се главно општините!

Објавено 29/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Aerial panorama of high mountain village or selo Delchevo. Bulgaria, Balkans
Сподели
Ad imageAd image

Измамите со фондовите на Европската унија стануваат сè почести во Бугарија. Затоа, ЕУ бара поврат на 12 милиони лева или  6,1 милиони евра, кои биле наменети за земјоделски проекти во рамките на Програмата за рурален развој (2007-2013).

Во периодот од 2014 година до сега, Европската комисија веќе блокираше околу 8  милиони евра од таа програма, што значи дека во периодот од 2014 до 2020 година, бугарските власти предизвикале финансиска штета во вкупен износ од 14 милиони евра.

Повеќето од  грешките се направени во општинските проекти

Најмногу грешки беа откриени во проектите спроведени од општините, пренесува „Медиапул“, повикувајќи се на одлуката објавена во Службениот весник на ЕК, на 18-ти ноември.

За разлика од проектите од Програмата за рурален развој,  кои обично 50 % се субвенционирани  од фондовите на ЕУ, а остатокот го обезбедува апликантот, јавните проекти на општините биле финансирани 100% со поддршката добиена од Брисел.

Генерално, ова се инвестиции за изградба на патишта во руралните области, канализација, реновирање на јавни згради и слично. Приматели на средствата можеле да бидат и училишта, градинки, центри на заедницата, цркви и владини институции.

Државниот фонд за земјоделство тврди дека побарувањето за поврат  на средствата доаѓа по контраверзните услови за избор на добавувачи. На пример, општината избра градежна компанија која понуди најкраток период на градење од 90 дена на тендер. Подоцна, со увидот се утврди дека работите траат подолго, што значи дека изведувачот незаконски го рангирал победникот на конкурсот.

ЕУ ги суспендира парите и за други 15 земји-членки

Извршниот директор на земјоделскиот фонд, Васил Грудев, коментира дека ЕК, со цел да ги идентификува овие проблеми со општинските проекти, ангажирала надворешен ревизор т.е  компанијата „Moore Stephens International”, која веќе извршила ревизија на претходните проекти од 2014 до 2018 година.

Одлуката на Комисијата покажува дека, покрај Бугарија, слични финансиски санкции се воведени и против Грција, Естонија, Шпанија, Италија, Литванија, Германија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Унгарија, Франција, Чешка и Шведска. Вкупната корекција за сите нив, вклучувајќи ја и Бугарија, изнесува 55,9 милиони евра.

Да потсетиме, неодамна исто така во Бугарија, истражувачката новинарка, Валија Ажијева, ја откри измамата за користење средства од ЕУ и измамата направена од тамошните компании. Таа откри дека стотици хектари земјоделско земјиште во селото Дабово биле насеани со соја – но само на хартија.

Милиони евра субвенции се трошат и на пасишта каде пасат виртуелни овци, кои ги има само во системите на Бугарската агенција за безбедност на храна (БФСА), а всушност не постојат на фармите.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бугаријаеуодобрени проектифондови
Претходен напис Од град се преселиле во село и произведуваат органска зимница!
Следен напис Сакате да одгледувате кантарион – прочитајте како правилно да го направите тоа!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?