Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Октомври е месец кога Филип Прши ги вади и собира кикиритките!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Октомври е месец кога Филип Прши ги вади и собира кикиритките!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Октомври е месец кога Филип Прши ги вади и собира кикиритките!

Објавено 09/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Младиот Филип Прша (17), средношколец и ученик во четврта година на Земјоделско – ветеринарното училиштево во Осијек, веќе четврта година на имотот кој е во сопственост на неговиот татко, во местото Кутово недалеку од Ораховица одгледува кикиритки.

Првите 50 семки ги набавил преку интернет пред 4 години. Се сеќава, дека некој ги продавал на Фејсбук и тој одлучил да купи.  Годинава стигнал до 2.500 семки и очекува род од неколку стотини килограми.

Кикирите одлично успеваат на славонската почва

„Од првите семки што ги насеав, добив околу 20 килограми, а тоа е колку половина вреќа компири. Се што добив, повторно посадив“, се сеќава Филип на почетокот на одгледувањето на оваа мешунка која потекнува од Аргентина, меѓутоа одлично успева и на славонската почва.

„Се изненадив колку добро успева. Мислам дека му одговара нашата клима, сонцето и плодната почва“, раскажува Филип нагласувајќи дека побарувачката е огромна. Откако во една група објавил со што се занимава, не престанувале да стигнуваат нарачки – сите сакаат да пробаат и сами да засеат. Колку била голема побарувачката, најдобро зборува тоа што веднаш се продале.

– „Со задоволство давам совети за одгледување, добро би било да пробаат повеќемина, а заинтересирани сме и за соработка и договорно производството на поголеми површини“, вели овој вреден и амбициозен земјоделец појаснувајќи дека кикиритките сакаат многу сонце и дека не поднесуваат трева. Се сеат на почетокот на мај, кога земјата ќе се згрее околу 15 степени, а родот се бери во октомври, кога зрната ќе поцрвенат.

– „Ако сакате висок принос, мора да се копа бидејќи цветовите се на долниот дел од растението, а на горниот дел се лисјата, па цветот кога е опрашен, мора да биде во земја“, стручно објаснува момчето кое одгледувањето на оваа култура го заинтересирала и поради тоа што има недостиг на пазарот. Во Хрватска кикиритките, најчесто можете да ги најдете пржени во масло или генетски модифицирани, а се работи за доста едноставно производство.

Виолетов компир и црвена пченка

Кикиритките не се единствена култура со која ова момче се занимава. Тука е и виолетовиот компир кој го добил од еден вработен во ресторан за супи, но и црвената пченка од чие семе, како што открива продал 150 килограми, а првите семиња ги добил од неговата наставничка во училиштето пред седум години. Семејството има и фарма за свињи. Станува збор за француска раса на свињи, со просек од 16 прасиња по легло, што е врв на генетиката во одгледувањето на свињи. 

Во план на овој матурант, кој е благодарен на родителите што го научиле да работи но и на професорите за поддршката и помошта, му е запишувањето на Ветеринарниот факултет и отворање на сопствено земјоделско стопанство.

– ” Во земјоделството и во селото ја гледам својата иднина“, заклучува ова амбициозно момче.

Извор: Аgroklub.com

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:кикирикимлад средношколецславонијаФилип Прша
Претходен напис Инспекторатот го растури живинарскиот пазар пред поликлиника ,,Бит Пазар“
Следен напис Нобеловата награда за мир за 2020. ја доби Агенцијата за храна на ОН – „Ова е момент на гордост“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?