Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еколошкото земјоделство е повеќе исплатливо од конвенционалното?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Еколошкото земјоделство е повеќе исплатливо од конвенционалното?
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВООрганско производство

Еколошкото земјоделство е повеќе исплатливо од конвенционалното?

Објавено 07/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неодамнешниот извештај на автономната институција на француската влада, „Француска стратегија“, покажа дека органските фарми работат со поголем профит од конвенционалните. Иако признава дека во ваквото производство приносот повеќе варира, Жулиен Фос, еден од авторите на оваа студија, исто така тврди дека оваа гранка има огромен потенцијал во борбата против климатските промени.

„Со употреба на поотпорни сорти, диверзифицирање на производството и развој на биолошки агенси кои ја олеснуваат борбата против инсектите, можно е да се подобри еколошката отпорност“, потенцира тој во интервју за „Еурактив“.

Анализирајќи ги економските податоци од научната литература и симулирајќи модел на фарма, истражувачите откриле дека 41 600 фарми кои поседуваат вкупно два милиони хектари под органско земјоделство, се во подобра финансиска состојба. Исто така, претпоставка е дека профитот на секое конвенционално производство би се зголемил за 25% доколку се префрли на еколошко.

Повисоки цени на производите

Овие бројки варираат од сектор во сектор, а лозарството има најголема корист.

Врз основа на податоците објавени во 2017 година од Францускиот национален институт за статистика и економски студии (ИНСЕЕ), еко-лозјата создаваат скоро двојно поголем приход по хектар. Оваа значајна разлика може да се рече дека е резултат  на продажната цена на ваквите производи, што понекогаш е многу повисока од обичните.

„Иако бројките на пазарот во овоштарството, одгледувањето зеленчук и сточарството се пониски, утврдено е дека органското производство во овие области е исто така поповолно“, додава Жулиен.

Нов систем кој ќе ја надградува еко промоцијата

Со цел да ги охрабри земјоделците да се свртат кон еколошко земјоделство, „Франс Стратеги“ препорачува јавната помош што ќе им биде доделена на земјоделците, да биде пропорционална со нивните напори  за да го намалат штетното влијанието врз животната средина.

Тие исто така предлагаат да се воведе систем на т.н. бонус што ќе ги награди позитивните активности поврзани со заштитата на животната средина и биодиверзитетот, а истовремено да ги оданочува оние фарми кои премногу користат пестициди и други средства со што го зголемуваат уделот на штетни гасови.

Што кога агроекологијата стане норма?

Сепак, според Пјер-Мари Убер, истражувач и координатор на Европската земјоделска иницијатива на Институтот за одржлив развој и меѓународни односи (ИДДРИ), малку е веројатно дека агроеколошките етикети и сертификати ќе играат голема улога во оваа зелена транзиција.

“Ова е затоа што еко-земјоделството, за да ги исполни бараните стандарди, се потпира на значителна разлика во цените во споредба со конвенционалните. Меѓутоа, ако агроекологијата стане норма, таквата практика повеќе нема да биде оправдана“, објаснува Убер.

Дали другите земји-членки ќе ја преиспитаат таа можност, останува да видиме. Сепак, во Франција, терминот агроекологија веќе навлезе во политичкиот речник, а министерот за земјоделство, Жулиен Дунормонди, најави охрабрување  за премин кон ваквиот начин на производство на храна.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Од полноќ повисоки цени на бензините и дизелот
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Таг:Еко производствоеколошко земјоделствоисплатливостПовисоки цени
Претходен напис До 2024 година над 50 отсто од енергијата од обновливи извори
Следен напис Чоколадото во иднина можеби ќе стане луксуз?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?