Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како треба да се чуваат јаболката и крушите за да траат подолго?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Како треба да се чуваат јаболката и крушите за да траат подолго?
Растително производствоСовети

Како треба да се чуваат јаболката и крушите за да траат подолго?

Објавено 07/08/2020
Сподели
5 мин. за читање
Freshly harvested juicy flavorful red apples and yellow pears in plastic crates. Apple and pear in box in the store. Free space for text. Harvest. Garden. Growing. Side view.
Сподели
Ad imageAd image

Јаболката и крушите се најчестите плодови кои ги чуваме дома. За да ги зачуваме што е можно подолго и поуспешно,  мора да ги почитуваме нивнните потреби, карактеристиките на асортиманот, применетата на агротехничките мерки и секако треба да обезбедиме оптимални услови за складирање.

Чување на јаболката

Одгледувањето на јаболка и складирањето на плодовите е наједоставната работа во светот на овоштарството. Се разбира дека е  потребно да се обезбедат одредени предуслови за тоа.

Со избирање на асортиманот, можеме да влијаеме на долготрајноста на  плодовите. Сортите што зреат порано се карактеризираат со пократок период на траење. Доцните сорти даваат плод што е погоден за долготрајно складирање.

Приханата на дрвјата во овоштарниците во текот на вегетцијата, особено во последните фази на зреењето, влијае на должината на складирањето. Во овој период, снабдувањето  со азот е намалено, а се користат ѓубрива што содржат калциум, калиум, железо и фосфор. Тие му даваат сила на овошјето и делуваат на неговата механичка отпорност. Добро негуваните овошни дрвја даваат плодови кои се подолготрајни и помалку подложни на гниење и распаѓање, па така можат да се чуваат подолго време.

Исто така, треба да се  знае дека, појавата на стрес може да влијае врз рокот на траење на  јаболката. Промените на временските услови, особено промената на температурата, снабдувањето со вода и елементарните непогоди како што е градот,  влијаат врз падот на имунитетот на дрвото, па така  можноста за подолго  складирање  на овошјето, се намалува. За да се намали стресот, неопходно е да се регулираат наводнувањето и ѓубрењето, а исто така потребен е третман со препарати кои го подобруваат имунитетот на стеблото.

Оставете им и неколку листови 

Правилното одредување на времето за берба на јаболката, помага  во тоа да може  овошјето  да се чува што е можно подолго. Кај јаболката, разликуваме два вида на зрелост: физиолошка и технолошка. Карактеристично за физиолошката зрелост е тоа  што тогаш плодовите се најголеми, а семето е целосно развиено. Во случај на технолошка зрелост,  плодовите добиваат карактеристична боја на лушпата, најквалитетна сува материја, шеќер, киселини, карактеристичен вкус, мирис и арома. Треба да се напомене дека раните и средни сорти се берат една недела пред технолошката зрелост, додека доцните сорти се берат кога ќе достигнат физиолошка зрелост. Внимавајте при берењето да не ги оштетувате и да не ги  фрлате плодовите. На оштетените места може да дојде до продор на разни причинители на болести или напад од инсекти.  

Кога ги складирате јаболката, оставете им по неколку листови, бидејќи тие содржиат бактерицидни супстанции и  имаат позитивен ефект врз зачувувањето на ова овошје. Местото каде што ќе се чуваат јаболката треба да биде суво, чисто и добро проветрено. Јаболката најдобро се чува во гајби и картонски кутии.

Чување во лисја од папрат

И покрај фактот дека се многу слични на јаболката, крушите имаат свои барања кога е во прашање одгледувањето, примената на агротехничките мерки, бербата и чувањето на плодовите.

Дрвото на крушата, во однос на  јаболкото, е почувствително на ниски температури. Крушите исто така не толерираат високо ниво на подземни води. Сето ова влијае врз квалитетот на овошјето што треба да се чува. Исто како и  јаболката,  така и крушите продолжуваат да зреат и по бербата. Затоа, тие се берат пред  да ја достигнат вистинската зрелост, што ќе им го продолжи рокот на чување. Кога се целосно зрели, крушите можат да се чуваат само три дена.

Методата на завиткување на секоја  круша посебно  во хартија и така наредени во гајби се покажала како добра. Јаболката и крушите ќе траат подолго ако ги чуваме во суви лисја од папрат.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Претходен напис Продолжува нестабилното време – постабилно време од понеделник
Следен напис Розево езеро кај Бачка Топола, голема шанса за туризмот во Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?