Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Петнаесет денари за килограм пиперка ајварка не е откупна цена, туку загуба и понижување на нашиот труд – реакција на земјоделците од Пелагонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Петнаесет денари за килограм пиперка ајварка не е откупна цена, туку загуба и понижување на нашиот труд – реакција на земјоделците од Пелагонија
Агровести

Петнаесет денари за килограм пиперка ајварка не е откупна цена, туку загуба и понижување на нашиот труд – реакција на земјоделците од Пелагонија

Објавено 14/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Петнаесет денари за килограм пиперка ајварка, за земјоделците од Пелагонија не е откупна цена, туку загуба и понижување на нивниот труд. Речиси и да нема откуп на пиперката, а она што се презема, се плаќа по цена која, велат, не ги покрива ниту основните трошоци.

„Откуп скоро воопшто нема. Се откупува по мизерни 15 денари, некои со пријатели. Значи практички, откуп нема ни 5% од тоа што треба да биде“, вели Васко Десановски, земјоделец.

Земјоделците бараат откупната цена да биде најмалку 25 до 30 денари за килограм, за да ги покријат трошоците и да им остане минимална заработка. Од Владата бараат да посредува меѓу преработувачите и производителите за да обезбеди побрз откуп.

„Владата може да ги притисне преработувачите во смисла на забрзана преработка на набавената пиперка. Потоа може да ги притисне, исто така, во смисла на навремена исплата, затоа што исплата после две-три години на откупена роба не е исплата“, рече Ваксо Јосифвски, земјоделец.

Земјоделците се жалат дека додека институциите молчат, нивнниот труд скапува по нивите.

„Никој ништо не го интересира. Значи никој за нас не презема ништо, се молчи. Еве сами гледате, ниту на Влада сме спомнати, нити во Собрание. Се занимава со Заев и Филипче, овие другите се занимаваат со Мицкоски, со Левица и со десница, и сето ние овде го трпиме“, вели Тони Рајчиновски, земјоделец.

Дополнителен проблем им се и неисплатените субвенции. Велат дека за 2025 година сè уште не добиле ниту денар од државната помош.

„Нема ниту еден денар од 2025 година, субвенции немаме, нити по засадена површина. Тоа требаше да се исплати одма по Нова година, нема ништо. Другите субвенции што се по килограм, и од нив нема ништо. Беше министерот пред 10-тина дена овде, „ќе изнаоѓаме решение“, ама така остана, само „ќе изнаоѓаме решение“, пиперката скапува по нивите“, рече Јане Камчевски, земјоделец.

Едночасовната блокада на патот Битола – Прилеп, кај Тополчани, денеска предизвика колони возила кои се упатуваа кон Скопје и обратно. Земјоделците велат дека ова е само почеток. Доколку институциите не одговорат на нивните барања за повисока цена, исплата на субвенциите и помош за загубите, најавуваат нови и порадикални протести.

Извор: Телма

Може да ви се допадне

Вториот протест на градинарите со блокада на патот Прилеп – Битола
Активен пожарот во с. Иванковци, Велешко, под контрола пожарот во Дабова Дупка кај Јасен и во Белица
АФПЗРР ја објави ранг листата на баратели од Јавниот повик бр.01/2025 за Мерка 1 од ИПАРД 3
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Производители на пиперки денеска на протест: Еден час ќе биде блокиран патот Прилеп – Битола
Таг:загубаПетнаесет денарипиперка ајваркапонижувањетруд
Претходен напис Активен пожарот во с. Иванковци, Велешко, под контрола пожарот во Дабова Дупка кај Јасен и во Белица
Следен напис Вториот протест на градинарите со блокада на патот Прилеп – Битола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?