Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
Агровести

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини

Објавено 29/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во државата нема активни пожари заклучно со 7 часот утрово. Изгаснати се 16-те пожари што биле активни на отворен простор во 10 општини – покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи. 

Според ЦУК, се интервенирало на гаснење два пожари во општина Прилеп, со кои под репетиторот на МТВ и манастирот „Трескавец“ биле зафатени ниска вегетација, шипови и леска, како и ниска вегетација на местото наречено Заград – Десовски пат. 

Во селото Бучим во општина Радовиш се запалиле тракторска приколка, бали слама и сушница за тутун, во општина Гостивар гореле ниска вегетација на улицата Боге Вељаноски и дрва на улицата Балиндолска, отпад на улицата Октомвриска револуција во општина Куманово.

Во Сарај со пожар биле зафатени стрниште во Горно Свиларе, мешана шума во Радуша, ѓубре кај наплатна рампа Глумово, во општина Долнени ниска ветегација во селото Бело Поле, а во општина Валандово стрниште во село Брајковци.

Интервенции имало и во општина Велес, во местото Дурутовец (ниска вегетација, грмушки и деградирана шума) и на патниот правец Скопје – Велес (ниска вегетација), како и во Тетово на улицата Вонвардарска (ѓубре), во Гази Баба во селото Јурумлери (ѓубре) и во општина Битола во селото Оризари, каде што горела ниска вегетација – информира ЦУК преку објава на својот „Фејсбук“. 

ЦУК

Може да ви се допадне

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
Без вода дел од општина Ѓорче Петров, а без струја Долно Лисиче
Министерот Серафимовски ќе потпише договор за соработка со ЈП „Хидросистем Злетовица“
Сончево и топло време со температури до 38 степени
Министерот Серафимовски потврди: Ребалансот се донесе, пари има обезбедено, следува исплата на субвенциите
Таг:10 општиниактивни пожарицук
Претходен напис Земјотрес почувствуван во Струга и околината
Следен напис Истражување: Лебарките имаат колективна меморија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?