Жалфија во народната медицина е смета за најдобар природен антибиотик и антисептик и се користи како лек за воспалителни процеси на цревата, желудникот, црниот дроб, бубрезите, жолчката.
Кај жалфијата лековити се листовите и младите гранчиња, а за да се сочуваат сите корисни состојки треба да се берат пред цутење.
Сушењето треба да се изведува во сенка, во добро проветрени простории на температура најмногу до 40 степени. Ова е важно да се изведува на правилен начин затоа што листовите се богати со јаглени хидрати, целулоза, танини и белковини. Освен овие органски соединенија содржи и многу железо и калциум, а посебно е богата со витамин А.

Добра е за ублажување на кашлица или болки во грлото, извонредна е за болести и испирање на усната шуплина. Исто така, помага во топење на масното ткиво, односно при топење на целулитот. Има силно антисептичко дејство и го зајакнува имунитетот на организмот.
Во народната медицина се користи и за зајакнување на нервите, а помага и за сите видови на настинка и грип. Се употребува и за чистење на крвта, но и против сите воспаленија, почнувајќи од грлото и внатрешните органи, па се до бешиката и вагиналните воспаленија. Исто така, ги олеснува тегобите на заболените од реуматизам.

Жалфијата може да се размножува генеративно (со семе) и вегетативно (со делење и поретко со исечоци).
Во пракса, најчесто се размножува со сеење семе. Семето се сее директно на парцелата во текот на април (200-300 зрна на 1 м2), или од семето се произведуваат во малку загреани или ладни леи.
За еден хектар се потребни 3-4 килограми семе. Производството на расад во слабо загреени леу е скапо, но расадот може да се сади на постојано место веќе во мај.
Најекономично производство на расад е во ладни леи. Семето се сее во април-мај во добро подготвени леи на меѓуредово растојание од 15-20 см.
По сеидбата засејаната површина се покрива со слој земја со дебелина околу 1 см, бидејќи семето побрзо рти во темно отколку на светлина. Во текот на летото леите треба редовно да се наводнуваат и да се плеват.
До октомври расадот достигнува висина од 15-20см и може машински да се сади на меѓуредово растојание од 70 см и 40-50 см меѓу билките во редот.
За постигнување високи приноси растенијата во ладните леи мора да се изрежат на 8-10 см висина. на тој начин се забрзува создавањето на поголем број странични гранки и поголема продикција на листот, пишува Домаќинска куќа.
