Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Студениот бран нема да се одрази врз земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Студениот бран нема да се одрази врз земјоделството
Агропрогноза

Студениот бран нема да се одрази врз земјоделството

Објавено 08/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Студениот бран што ја зафати земјава со утрински температури под нулата, нема да се одрази негативно врз земјоделството. Можни се евентуални штети во овоштарството, но мали, кои ќе се манифестираат со проретчување на плодот.

Како што вели за МИА агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР, проретчувања нема да има секаде, туку само кај некои овоштарници и тоа зависно од експозицијата. Во одредени региони, пак, како Беровско и Делчевско, вегетацијата доцни седум до 12 дена, поради што не се очекуваат никакви оштетувања.

Кај останатите култури нема да има никакви проблеми, ниту кај житата, ниту во градинарството, ниту кај виновата лоза кај која сега се јавуваат окцата.

-Пониски ќе бидат темепратурите во Берово и Маврово, а во Скопје и Повардарието нема да се спуштат. И ако бидат мунис еден тоа е во границите на дозоволеното. Коскестите овошки веќе имаат плод. Некаде, како во Градско, кајсиите се со големина на лешник. Во таква фаза овошните култури издржуваат температури од -1 и -2 степени, објаснува Ангелески.

Според него, од првите мразови штети ќе има сигурно, но од овие не.

-На овоштарник со северна или североисточна експозиција крајните дрвца можеби се повеќе на удар, а централните и внатрешните или оние на јужна и југозападна експозиција не. Граѓаните од урбаните средини да не се грижат, зашто микроклимата и температурата во дворовите се сигурно позитивни, додава агрометеорологот.

Од денеска, нагласува Ангелески, времето треба да се стабилизира, а од утре се очекува и потопло време до 21 – 22 степена што е сосема доволно за овој период.

-Полека ќе оди разведрувањето па можно е, поради ветерот кој ќе предизвика „мешање” на воздухот, на одредени места и да не паднат температурите, може да бидат и повисоки, напоменува Ангелко Анегелски од УХМР.

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Таг:земјоделиемраз
Претходен напис Жалфија – ароматично растение за вашите градини и тераси
Следен напис Заев: Присутни се позитивни трендови, економијата е жива и стабилна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?