Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Г20: Светската економија покажува знаци на закрепнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Г20: Светската економија покажува знаци на закрепнување
Агровести

Г20: Светската економија покажува знаци на закрепнување

Објавено 08/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се подобрува глобалната економска состојба, но тоа се одвива многу бавно, пред сè поради неизвесноста и големиот јаз меѓу економиите на различните земји, напишаа министрите за економија и финансии и гуверенерите на централните банки на земјите од Г-20 во заедничката изјава по вчера одржаната видеконференција.

Г20 признава дека има знаци на подобрување на глобалната економска состојба по значителниот пад во 2020 година. Ова може да се припише на почетокот на кампањите за вакцинација и политиките за поддршка на економијата.

Но, министрите и шефовите на централните банки предупредуваат на несигурноста и нестабилноста, како и на големата разлика меѓу земјите во темпото и изгледите за закрепнување на економијата, се наведува во документот објавен на веб-страницата на италијанското Министерство за економија и финансии, земја претседавач со форумот Г20.

Земјите од Г20 ја потврдија својата заложба за зајакнување на глобалните здравствени системи и правичната дистрибуција на вакцини против коронавирусот, за кои се вели дека се достапни за сите.

Покрај тоа, како дел од обезбедувањето поддршка за најранливите земји, Г20 одлучи да ја продолжи иницијативата за суспензија на долгот за уште шест месеци, до декември годинава.

Исто така се дискутирало и за воведување на меѓународна минимална стапка на корпоративен данок, тема што е особено чувствителна за различните даночни раеви и компаниите што ги избираат за да плаќаат што е можно помалку даноци.

Следниот, трет, состанок на министрите за економија и финансии и гуверенерите на Централната банка под италијанското претседателство ќе се одржи од 9 до 10 јули во Венеција и ќе се совпадне со самитот за климата.

Г20 се состои од 19 најразвиени земји во светот плус Европската Унија.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:г20економија
Претходен напис Каков пепел смее да се користи за ѓубрење на зеленчукот?
Следен напис Жалфија – ароматично растение за вашите градини и тераси
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?