Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделски календар за март – ГРАДИНАРСТВО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Земјоделски календар за март – ГРАДИНАРСТВО
Растително производство

Земјоделски календар за март – ГРАДИНАРСТВО

Објавено 14/03/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на месец март, се садат: домати, пиперки, модар патлиџан – (средно – рано производство) аспарагус, праз, зелка-рана на отворени леи, рен – во полутопли оранжерии.

На отворено се сее крупна бакла од 10-25 март со 180-200 кг/ха, грашок од 1-10 март со 150-180 кг/ха, зелка од 25 март до 10 април со 0,6 -0,8 кг/ха, копар од 5-15 март со 15-25 кг/ха, моркови рани – март со 6-8 кг/ха, магдонос од 15 март со 7-10 кг/ха, ротквици од 15-30 март со 12- 20 кг/ха, салата со расадување и потребно за расад е 2-3 г на 1 м 2 од 20 март – (0,3-0,4 кг/ха), лук летен во март со 1000-1500 кг/ха (700-900), домати средно-рани од 10-20 март, домати доцни од 20 март-15 април, пиперки средно-рани од 10-20 март.

Од почетокот на месец февруари започнува одгледување на расад домати за рано оранжериско производство. 25-30 дена по сеидбата растенијата се пикираат и по 25 дена се пресадуваат на постојано место. Добро закалениот и здрав расад е предуслов за максимален принос од растенијата и ако има поволни услови за одгледување, кон крајот на мај и почеток на јуни во зависност од тоа кога е извршена сеидбата, се добива и посакуваниот принос.

При одгледување на расад од домати треба да се одржува потребната температура и влажност на воздухот и почвата. Водата која ќе се користи за наводнување да биде со потребната температура 20-25 ° C. Со полевањето можат да се внесуваат ѓубрива со потребните макро и микро елементи, како и превентивни фунгициди против сечење садници.

Треба да се следи појавата на оранжериската белокрилка и лисните вошки со ставање на жолти лепливи мамци. Задолжително по пресадувањето на растенијата на постојано место против попово прасе пожелно е да се стави мамец. Против голи полжави може да се расфрла пепел.

Краставиците се топлољубиви растенија. Во текот на целиот период на одгледување температурата не смее да падне под 15°С. Семињата се сеат во агроперлит при температура на воздухот 28-32°C и висока влажност 70-80%. Тие никнуваат за само 3-5 дена. Потоа растенијата се пикират во кофички полни со однапред подготвена почвена смеса со потребните хранливи елементи и се одгледуваат при температура на воздухот 24-27°С дневна, а ноќна со 2-3°С пониска. По 20 дена здравите и калени растенија се пресадуваат на постојано место. По 30-40 дена се добива принос – плодови. Растенијата се отпорни кон штетникот попово прасе.

На површини засеани со лук од есен, при постојана температура на воздухот над 5°C, постои можност да се појави лукова мува. Превентивно треба да се третира со инсектицид со намокрувач.

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:расад
Претходен напис Од утре посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег
Следен напис Листа на намирници кои имаат најмала количина пестициди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?