Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Листа на намирници кои имаат најмала количина пестициди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Листа на намирници кои имаат најмала количина пестициди
Магазин

Листа на намирници кои имаат најмала количина пестициди

Објавено 14/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Американското здружение за животна средина (EVG) состави листа на храна која има најмалку пестициди. Еве кои намирници се најдоа на листата.

Печурки – Иако растат од земјата, на нив нема ништо валкано, но пред јадење секако мора добро да се исчистат од земјата и прашината. Тие се исклучително вкусни во различни јадења, а некои експерти ги прогласија за суперхрана кога станува збор за заштита од ковид 19.

Карфиол – Оваа храна не само што е чиста, туку е и одличен извор на влакна и може да помогне при слабеење. Овој зеленчук е одлична храна која треба да ја вклучите во вашата исхрана.

Киви – Можеби не е вашиот прв избор на овошје, но содржи многу малку пестициди и треба да се вклучи во исхраната. Можеби не сте знаеле, но кората од киви е полна со влакна, а доколку сакате да ја јадете, задолжително претходно добро измијте ја.

Зелка – Ова е интересна храна која произведува компоненти кои ќе ги одвратат инсектите, што значи дека одгледувачите не мора да користат пестициди за да ги избркаат инсектите од зелката. Бидејќи ова е исклучително здрава храна, дефинитивно треба да се јаде почесто.

Брокула – Брокулата има моќ и да ги одбива инсектите, па не е ни чудо што многу малку пестициди се пронајдени при истражувањето на брокулата. Не мора да споменуваме колку е здрава, а од неа можете да направите супа, да ја додадете во чорби или да ја грицкате свежа.

Аспарагус – Доаѓа времето на аспарагусот, а сигурни сме дека многумина од вас го обожаваат овој деликатес. Ако не сте љубител на аспарагус, можеби ќе треба да научите како правилно да го подготвите. Тој содржи ензими кои можат да ги разградат пестицидите кои служат за одбрана од инсекти, што може да се објасни зошто тој не содржи многу пестициди.

Модар патлиџан – Модриот патлиџан е уште една здрава храна која треба често да ја јадете, само треба добро да го измиете пред подготовка.

Кромид – Иако расте во земја, кромидот е намирница која содржи многу малку пестициди, па можете без страв да го користите при подготовка на секое јадење.

Авокадо – Љубителите на авокадо ќе уживаат во информацијата дека ова е една од најчистите намирници што можете да ги најдете во продавница, благодарение на заштитниот слој кој спречува пестицидите да влезат во внатрешноста. Веројатно знаете колку е здраво авокадото, па затоа вклучете го во вашите оброци.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Таг:пестициди
Претходен напис Земјоделски календар за март – ГРАДИНАРСТВО
Следен напис На Попова Шапка најстудено -2 степени, во Лазарополе -1, а најмногу дожд наврнал во Тетово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?