Земјоделците во последниве години се омилени клиенти на банките. Од месец во месец се забележува константен пораст на издадени кредити токму на оваа група на должници, а на сајтовите на банките може да се види широка лепеза на разни понуди.
Тоа, велат стручњаците, не треба да зачудува, особено од кога ресорното министерство ги субвенционира каматите, па на газдите им останува да платат само еден до три отсто. Банкарите тоа го забележале како добро поле за зголемување на бројот на клиентите.
Максималниот износ што можат да го добијат земјоделците и стопанствениците е шест милиони динари, а компаниите и земјоделските задруги можат да бараат дури три пати повеќе.
Дека земјоделците сѐ повеќе позајмуваат потврдуваат и од Здружението на банки на Србија, кои ги следат овие бројки. За помалку од пет години, зголемен е бројот на овие кредити за околу 13.000, а бројот на клиенти кои ги земале, за повеќе од 10.000. Од 2017 година бројот на разни аграрни заеми се зголемил за дури 20 отсто.
„Кај земјоделските кредити забележан е континуиран пораст последниве пет години и тоа по сите критериуми – по број на издадени позајмици, број на корисници и вкупна вредност на заеми“, објаснуваат во УБС. Во 2017 година биле регистрирани 61.649 земјоделски кредити, за мај оваа година тој број да достигне до 74.267. Во истиот период зголемен е и бројот на корисници, од 43.024 на повеќе од 50.000. Износот на остатокот на долгот по земјоделски кредити во 2017 година изнесувал 55 милијарди динари и зголемен е за 38 отсто, на скоро 77 милијарди во мај оваа година.
Според зборовите на Биљана Петровиќ, директорка на Управата за аграрни плаќања, каматната стапка зависи од намената на кредити, рокот, староста на клиентита, дали работи во отежнати услови, како и од полот. Жените имаат право на еден отсто камата, за кредити до три години. На кредити од 37 до 60 месеци каматата е три отсто.
„Заемот може да се земе за набавка на репроматеријали, купување на механизација, грла за тов или приплодна стока. Земјоделците може да купат противградна мрежа за аграрни системи и сите кредити се исплаќаат по профактури. Можат да ги користат и ако набавуваат механизација или опрема, за што подоцна поднесуваат барање за поддршка. На тој начин ќе помине уште поповолно. Многу се интересни за банките, бидејќи имаат најуредна историја. Од кога постојат кредити со субвенционирана каматна стапка, за земјоделците, другите аграрни малку кој ги бара“, објаснува Петровиќ.
Скоро половина кредит за семе
Во текот на 2020, корона година, околу 83 отсто аграрни кредити биле за ликвидност. Минатата година исплатени се 12.741 кредити со субвенционирана каматна стапка. Како што раскажува Петровиќ, во 2019 година се одобрени 5.382 кредити, во износ од 8,2 милијарди динари. Од вкупно исплатената сума, 40 отсто биле кредити за семе и саден материјал, 31 за машини и опрема, а 25 отсто за сточен фонд.
Субвенција 1,4 милијарди
„Минатата година на банките им се исплатени 17 милијарди динари од сите кредити, со тоа што минатата година земјоделците можеле да користат и кредит за ликвидност, до три милиони, без профактури, бидејќи била тешка ситуацијата поради пандемијата. Ресорното министерство минатата година субвенционирало вкупно 1,4 милијарди динари за камати“, вели Петровиќ.
Извор: novosti.rs
