Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последните 2,5 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последните 2,5 години
Агровести

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последните 2,5 години

Објавено 28/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела повторно се зголемија, петти пат по ред, достигнувајќи ги највисоките нивоа во повеќе од две и пол години, бидејќи трговците очекуваат раст на побарувачката на нафта, со оглед на континуираното закрепнување на најголемите светски економии.

На лондонскиот пазар, цената на барелот минатата недела скокна за 3,6 проценти, на 76,18 долари, додека на американскиот пазар, барелот порасна за 3,4 проценти, на 74,05 долари.

Скокот на цените на нафтата на највисоките нивоа од октомври 2018 година се должи на очекувањата дека побарувачката ќе расте побрзо од понудата и дека водечките производители ќе бидат внимателни во постепено зголемување на производството.

-Цените на нафтата последните недели постојано ги одржуваше глобалниот пад на залихите, бидејќи побарувачката и натаму бавно расте, иако прилично нерамномерно. Залихите на нафта во наредниот период треба дополнително да се намалат така што очекуваме цените на нафтата во третиот квартал да продолжат да растат – изјави аналитичарот на УБС Џовани Стауново.

Поддршката на пазарот стигна и со веста дека американскиот претседател Џо Бајден се договори со сенаторите да се инвестираат 1.200 милијарди долари во инфраструктурни проекти, што предизвика оптимизам за изгледите за побарувачка на енергија.

Прифатените проекти сочинуваат речиси две третини од парите што Бајден ги побара и вклучуваат 312 милијарди долари во инвестиции во транспортни проекти како што се патишта, мостови и аеродроми и 266 милијарди долари во други проекти, како што се инвестиции во водовод и широкопојасен интернет.

Зголемувањето на цените се должи и на податоците што покажуваат дека најголемите светски економии стабилно закрепнуваат од коронакризата.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:нафтацена
Претходен напис Земјоделците се омилени клиенти на банките во Србија
Следен напис Битиќи: Очекувам да бидат донесени законски измени за воведување еколошка такса
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?