Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Август – месец на голема земјоделска активност, очекувани субвенции и помош од државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Август – месец на голема земјоделска активност, очекувани субвенции и помош од државата
Агровести

Август – месец на голема земјоделска активност, очекувани субвенции и помош од државата

Објавено 16/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На прашањето до земјоделците на кое производство или земјоделска гранка е потребна итна помош од државата, најмногу производители одговараат дека поддршка им треба на сите земјоделци околу пласманот и откупните цени, а најмногу побрза исплата на субвенциите.

Производителите на житарици се жалат на ниска откупна цена и очекуваат поддршка од Владата од 5 денари за килограм предадена пченица, преку интервентен фонд. Производителите на пченица од Пелагониско бараат државата според Законот да оддели по 5 денари од Интервентниот фонд за килограм откупена пченица со што ќе им доплати на земјоделците кои пченицата ја продадоа по само 10 и 9,5 денари.

За оризопроизводителите ова е најлоша година со пласманот и цената на оризовата арпа и вишокот на оризот кој стои во амбарите.

Лозарите веќе реагираат на ниската цена на трпезното грозје. За винското грозје веќе се изјаснија дека е ниска откупната цена.

Овоштарите и тие се жалат на стихиен пласман и ниска откупна цена на сливата и другите култури.

Најдраматично е сепак за одгледувачите на овци и кози кои алармираа на позасилена акција од страна на институциите во сузбивање на болеста сипаници кај ситниот добиток, затоа што состојбата е загрижувачка. За утре е најавена прес конференција на Сојузот на одлгледувачи на овци на кои ќе се апелира на поголема акција од страна на сите релевантни фактори.

Земјоделска задруга ШАРИ: Болеста сипаници кај овците и козите претставува сериозен ризик за сточарството, ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ НАШИТЕ ЖИВОТНИ!

Пчеларите се се’ погласни во барањето за исплата на субвенциите како и млекопроизводителите кои реагираат на ниска откупна цена и доцнење на исплатата на субвенциите за млеко и грло добиток.

Листата е подолга, земјоделците од речиси сите земјоделско – сточарски гранки се разочарани и очекуваат поддршка од Владата во надминување на моменталната состојба во земјоделското производство.

Земјоделското производство е тежок сектор, треба да се предвидува, да се реагира на време, треба да се планира долгорочно.

Добрите мерки треба да се продолжат без разлика кој е на власт, субвенциите треба да се редовни, високи, со развојна компонента, земјоделците да се здружуваат и едуцираат, а државата со разни мерки да ги стимулира и да создаде услови за пласман на производите.

Има позитивни примери што можат да потврдат што значи профитабилно земјоделство, тимска работа, иновативност и европски стандарди…агробизнисмени што можат да екипираат добри земјоделци и да мрднеме од оваа позиција на општо незадоволство и намалување на домашното производство.

Агротим

Производителите на пченица од Пелагониско бараат државата според Законот да оддели по 5 денари од Интервентниот фонд за килограм откупена пченица

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски во Белград: Посилни пазари, климатска отпорност и иднина за младите во руралните средини
Земјоделците и сточарите повторно го блокираа патот Прилеп–Битола: Бараат исплата на субвенциите и поголема поддршка
Океаните апсорбираа лани рекордна количина топлина
Хоџа во Преспа го посети младиот земјоделец Селим Зејнели
Струмица со поддршка за жените пчелари и развојот на руралните средини
Таг:земјоделципомошпроблеми
Претходен напис (ВИДЕО) Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска се доближил до првите куќи
Следен напис Одгледувачите бараат итна вакцинација на овците против сипаници и повисоко обесштетување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?