Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Кочанско ја почнаа жетвата на оризот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Кочанско ја почнаа жетвата на оризот
Агровести

Земјоделците од Кочанско ја почнаа жетвата на оризот

Објавено 28/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделските производители од кочанскиот регион ја почнаа жетвата на оризот во атарот на селата Чешиново и Чифлик, со што почна собирањето на родот од овогодишната реколта.

Десетина дена пред вообичаениот термин за почеток на жетвените активности, користејќи ги поволните временски услови, според првичните резултати оризопроизводителите очекуваат добар род и квалитет на главната земјоделска култура во регионот што беше засеана на околу 4200 хектари.

-Веќе ожнеавме дваесетина декари засеани со ориз од сортата опале, која има нешто пократка вегетација од другите сорти, а добиените количини се во рамки на просекот, односно по околу 600 килограми арпа од декар. Пробните количини што се излупени даваат рандман од околу 50 отсто, што исто така е добар квалитет за оваа сорта. Се надеваме на добри приноси, но проблем остануваат ниските откупни цени и пласманот, со оглед што и дел од минатогодишното производство сè уште ни стои непродадено, истакна Илчо Нисов, земјоделец од Чифлик.

Се очекува годинава од полињата во кочанскиот регион да се соберат над 20 илјади тони оризова арпа, од кои околу две третини беа засеани со италијанските, а остатокот отпаѓа на сортите што пред неколку години беа увезени од Турција. Во моментот откупните претпријатија за килограм арпа исплаќаат од 15 до 18 денари во зависност од сортата, што за земјоделците е далеку под производствената цена и не можат да ги покријат трошоците.

Во мирување е ставен протестот што земјоделците го најавија за утре со блокирање на патот Кочани – Штип, а во меѓувреме е договорена средба во Владата на која ќе се разговара за проблемите со пласманот и ниските откупни цени.

Извор: MИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:кочанскоориз
Претходен напис Преспански јаболкобер – традиција и дружење, рурални жени и ѓомлезе, политичари и субвенции, овоштари и гајби јаболка
Следен напис Македонското јаболко ќе се извезува во Украина без царина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?