Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преспански јаболкобер – традиција и дружење, рурални жени и ѓомлезе, политичари и субвенции, овоштари и гајби јаболка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Преспански јаболкобер – традиција и дружење, рурални жени и ѓомлезе, политичари и субвенции, овоштари и гајби јаболка
Агровести

Преспански јаболкобер – традиција и дружење, рурални жени и ѓомлезе, политичари и субвенции, овоштари и гајби јаболка

Објавено 27/09/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преспанскиот јаболкобер и оваа година на едно место ги собра преспанци, најдобрите овоштари, вредните рурални жени, агробизнисмените, домашни и странски гости, градоначалници и првите луѓе на министерството за земјоделство и на Владата.

Пораката е недвосмислена – Преспанските овоштари и домашното производство на јаболка се важен потенцијал за овој регион но и за целата држава.

Премиерот Зоран Заев, со нескриено задоволство поради дружењето со вредните овоштари, го откина првото јаболко, продолжувајќи ја традицијата и оваа важна манифестација.

„Владата и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги креираат сите неопходни политики за поддршка на земјоделството, па така и за стимулирање и развој на овоштарството. Тоа го правиме во континуитет во двата мандати на оваа Влада. Во 2018 година, за 20 отсто ги зголемивме субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на 3 денари по килограм“, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите.

Тој потсети дека уште во 2019 година субвенцијата за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а дополнително, кај оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката порасна од 39.600 на 50.000 денари по хектар, а за овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности во области над 700 метри надморска височина, субвенциите се зголемени за дополнителни 15%, односно поддршката изнесува 57.500 денари по хектар.

„Оваа Влада нема да ги остави земјоделците и овоштарите и секогаш ќе биде во дослух со нивните потреби и реални очекувања. Ние знаеме да го цениме и вреднуваме нивниот труд и придонес за нашата економија. Затоа носиме одлуки кои секогаш ќе бидат на страната на земјоделците и овоштарите“, потенцираше претседателот на Владата Заев.

Премиерот посочи дека оваа година и покрај корона кризата и глобалната економска криза, државата ги исплати субвенциите за овоштарство во износ од околу 9,5 милиони евра, а реализацијата на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година бележи висок степен на реализација од почетокот на годината.

„Оваа година, стартуваше проектот со Светска Банка – Проектот за модернизација на земјоделството, кој е со вкупна вредност од 46 милиони евра и содржи огромна развојна компонента за земјоделството, со сериозен позитивен импакт врз вкупната домашна економија“, нагласи премиерот Заев.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа истакна дека Министерството и Владата континуирано го поддржуваат овоштарството, и како една од мерките, покрај зголемените субвенции, се и картичките за зелена нафта.

„Конкретно во Ресен се доставени околу 2.000 картички. Дополнителни придобивки овоштарите имаат и од воведувањето на мерките за мотивација на младите земјоделци и руралните жени, а од особено значење е и усогласувањето на нашата правна регулатива со европската. Конкретно во делот на здравје на растенијата, што подразбира и намалена употреба на агрохемиските средства односно помалку пестициди, токму Ресен е пример на успешна интегрална заштита на јаболка и се помала употреба на производите за заштита на растенија, која во последните 10 години е намалена за 30%“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Министерот Хоџа го потенцираше растечкиот тренд за органско јаболко, што претставува уште еден развоен момент, особено ако се знае дека побарувачката на органски земјоделски производи на европскиот пазар од година во година е сѐ поголема.

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски го нагласи фактот дека во Преспа над 3.000 семејства се поврзани со јаболкото од кои една половина, директно зависат само од него и дека поддршката на Владата и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е од исклучително значење за преспанските овоштари.

„Почетоците на манифестацијата „Преспански јаболкобер“, во нашата Општина беа скромни, но со текот на годините манифестацијата станува бренд, по кој што Преспа започнува да се распознава како во државава така и во регионот“, потенцираше градоначалникот Гошаревски, и додаде дека со својата богата спортска и културно уметничка програма, Преспа стана вистински промотор на културата и традицијата на Северна Македонија.

Штандовската презентација на производи и услуги беше вистинска можност жителите од Општина Ресен и пошироко да се запознаат со компаниите од Преспа и регионот.

Просторот пред домот на култура Драги Тозија денес беше местото каде што на едно место можеа да се пронајдат прехрамбени производи и услуги од најреномираните преспански и регионални компании.

Тука беа и вкусните специјалитети на Руралните жени – ѓомлезе, пити, мантии…и традицијата може да продолжи.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Претходен напис Традиционално на Крстовден почнува бербата на преспанското јаболко
Следен напис Земјоделците од Кочанско ја почнаа жетвата на оризот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?