Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците кои се членови на задруги добиваат поддршка и до 90% од вредноста за набавка на механизација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Земјоделците кои се членови на задруги добиваат поддршка и до 90% од вредноста за набавка на механизација
Агровест

Земјоделците кои се членови на задруги добиваат поддршка и до 90% од вредноста за набавка на механизација

Објавено 26/02/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделските задруги формирани и запишани во Регистарот на земјоделски задруги согласно одредбите на Законот за земјоделски задруги имаат право на финансиска поддршка преку програмите за земјоделство и рурален развој. Поточно, финансиската поддршка се обезбедува во повеќе сегменти и тоа: поддршка за основање на земјоделски задруги, поддршка за функционирање на земјоделски задруги, како и поддршка за набавка на земјоделска механизација. Во делот со кој се поддржува основање на земјоделски задруги, предвидена е поддршка за покривање на дел од трошоците за основање на земјоделската задруга, воспоставување на админстративни и технички капацитети, помош за ангажирање на стручни лица, помош за организирање на информативни и промотивни активности и обуки на кадровскиот потенцијал и членовите на земјоделската задруга. Потоа, исплата на плата за лице управител на земјоделската задруга која согласно пропишаните услови може да остварува право на помош од овој вид, во висина од 100% во првата година, од просечната плата исплатена во Република Северна Македонија за претходната година, со намалување од 20% за секоја наредна година, во период не подолг од пет години.

Кога станува збор за финансиска поддршка за функционирање на земјоделските задруги, покрај основните субвенции, земјоделците кои се членови на земјоделски задруги добиваат дополнителни субвенции и тоа до 15% повисоки субвенции за производството кое го имаат произведено и продадено преку задругата. Понатаму, во склоп на овој сегмент од финансиската поддршка спаѓаат и 30% од трошоците за наводнување на годишно ниво, 80% од трошоците за осигурување на производните капацитети. Тоа што е најпопуларно кај земјоделските задруги е поддршката која е наменета за набавка на земјоделска механизација со која се покриваат до 90% од вкупната вредност на набавката.

Покрај поддршката која земјоделските задруги ја имаат на располагање од националните програми, во моментов е активен и проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската унија. Преку овој проект веќе активни се 17 договори за финансиска поддршка (ЕУ грантови) за 9 постоечки и 8 новоформирани земјоделски задруги. Финансиската поддршка од Европската Унија е за инвестиции во објекти и опрема за преработка, складирање и маркетинг на земјоделски производи со кои се подобруваат капацитетите на земјоделските задруги и конкурентноста на земјоделството. Вкупната вредност на поддршката изнесува скоро 900.000 евра, односно заедно со кофинансирањето од страна на задругите инвестициите ќе достигнат скоро 1,3 милиони евра.

 www.zadrugi.mk.

Од интервјуто со Гоце Георгиевски – МЗШВ

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
ТИКА со поддршка за производство под пластеници од страна на продуктивните жени во Македонија
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:traktorкапацитетмеханизацијаподдршка
Претходен напис Кулевска: СН Осигурителен брокер е подготвен за новата сезона, двојна заштита, поволности за плаќање, без документи со „ситни букви“
Следен напис Променливо облачно време, а на повисоките места и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?