Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кулевска: СН Осигурителен брокер е подготвен за новата сезона, двојна заштита, поволности за плаќање, без документи со „ситни букви“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Кредитирање и осигурување > Кулевска: СН Осигурителен брокер е подготвен за новата сезона, двојна заштита, поволности за плаќање, без документи со „ситни букви“
Кредитирање и осигурување

Кулевска: СН Осигурителен брокер е подготвен за новата сезона, двојна заштита, поволности за плаќање, без документи со „ситни букви“

Последна измена: 14/08/2020 10:13
Сподели
7 мин. за читање
Сподели

За сериозните земјоделски производители и оние кои досега осигуруваа нема дилема за оваа важна мерка, останува да се потсетат и останатите земјоделски производители од сите области за предноста на осигурувањето.

За оваа тема одбравме да разговараме со најдобрите, лидерите во земјоделското осигурување – СН Осигурителен брокер. Ја прашуваме Александра Кулевска, Раководител на експозитури и виш соработник на Сектор земјoделство, на што се должи нивниот успех кај земјоделците, како функционираат и каков пристап имаат со земјоделските производители.

–Нескромно истакнуваме дека сме лидери меѓу брокерските друштва, а тоа се должи на нашата активна вклученост во донесувањето на законски мерки и начинот на обесштетување на земјоделците, како и нивно целосно информирање. Фунционираме одлично бидејќи секогаш сме на страната на земјоделците, избираме добро и соодветно осигурување за нив, а најбитно е што сме дел од секој процес на осигурувањето, конкретно од давање на понуда до исплата на штета – вели Кулевска.

СН Осигурителен брокер има експозитури во речиси сите поголеми градови но агентите се на терен секаде каде што имаат потреба земјоделците, а нивниот пристап е секогаш пријателски.

-Да, речиси низ целата држава, имаме вкупно 26 експозитури стационирани во 18 градови во државата, кои функционираат одлично. Како брокерско друштво, нудиме доверба и квалитет, присутни сме на сите земјоделски настани, па така земјоделците постојано имаат директна комуникација со нашиот тим. Веќе сме подготвени за сезоната за оваа година. Поволностите што ги нудиме се големи, од заинтересираниот клиент очекуваме само повик и единствено што треба е да ни даде согласност да го застапуваме ние. Секако потребна е и потврдата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а потоа се е во нашите сигурни раце – појаснува Кулевска.

Најчестите прашања од страна на земјоделците е од што можат да осигураат, а особено интерес постои кај фармерите за осигурување на добитокот.

–Најчесто е основното земјоделско осигурување каде се опфатени ризиците удар од град, гром и пожар, меѓутоа не можеме да не го спомнеме и дополнителното осигурување каде се опфатени и пролетен мраз, поплава и луња.Осигурувањето на добиток е нешто што не прави посебни и чекор понапред од сите останати. Ние сите знаеме дека домашните миленици и другите животни се од непроценлива вредност за сопствениците. И покрај големата грижа, животните може да се разболат, да се повредат, па дури и да угинат. Тоа значи дополнителен, непланиран трошок. Затоа препорачуваме да се направи осигурителна полиса во случај на незгода или болест. Конкретно, кај нас, животните може да се осигураат од следните опасности: смрт на добиток, од било каква несреќа, принудно колење, повреда, болест или инфекција – вели Кулевска.


Зошто треба осигурениците да изберат брокер?

–Осигурителните брокери се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро и соодветно осигурување, особено кога нивните посеви се во крајно ризични региони, во кои осигурителните компании избегнуваат соработка за да се заштитат од таков ризик! Со нас добиваат дополнителна, двојна заштита, комплетно објаснување, без документи со „ситни букви“. Добиваат пријатели, добиваат партнери во работата -додава таа.

Колку е важно земјоделското осигурување зборува и учеството на државата во овој процес. Имено според мерката на Владата, 60% од полисата покрива МЗШВ. Дали за останатите 40% нудите некакви поволности или олеснувања за своите клиенти?


– За поздравување е таа финансиска поддршка од МЗШВ од 60% од вредноста на полисата, која многу им значи на сите земјоделци. За остатокот, односно 40% од износот на осигуреникот, од вкупната премија, нудиме големо олеснување, со тоа што овозможуваме плаќање  на 12 рати без камата. Нашите совети и препораки се секој земјоделец да не размислува и да ги искористи поволностите што ги дава државата за нив.  60% од вкупната премија на полисата за осигурување воопшто не се за подценување, токму затоа осигурувањето на посевите и плодовите односно осигурувањето на целогодишниот труд, треба да постане навика. Земјоделецот не смее да си дозволи неговиот приход да зависи од временските прилики, во време кога климатските промени секоја година се се поизразени. ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот – потенцира Кулевска.

За важноста на земјоделското осигурување веќе говоревме, она што треба сега да се направи е уште поголема едукација и информираност на земјоделските производители што секако е во нивен интерес. Во оваа насока се размислувањата и плановите на СН Осигурителен брокер.


– Најпрво сакаме да потенцираме дека минатата, 2019 година, ја сметаме за многу успешна година, бидејќи довербата ни ја дадоа 816 земјоделци, кои беа заштитетни со соодветна полиса за осигурување.Нашите планови за оваа година е да заштитиме што повеќе земјоделци од целата држава. Ќе делуваме советодавно, на терен меѓу земјоделците, за сите прашања и недоразбирања, нудиме достапност 24/7 за сите наши ценети клиенти.  Најбитно ни е, земјоделците да имаат доверба во нас, а ние и понатаму ќе се трудиме да останеме на лидерската позиција во државата – заклучува Александра Кулевска, агент на СН Осигурителен брокер.

За подетални информации околу условите за земјоделското осигурување побарајте ги брокерите на СН Осигурителн брокер:

За осигурување на добиток:

1. Благојче Кулевски  078 227 654

2. Бурим Јашаровски    078 496 967          

3. Александар Лозановски   076 205 323   

4. Љупчо Поповски   078 282 211      

За земјоделско осигурување:

1. Илче Талевски  078 496 899

2.. Гоце Чавдаровски   076 249 602

3.. Таше Наумовски   078 455 545

 4. Александра Кулевска 078 237 529

Може да ви се допадне

Министерката за финансии  најави евтини кредити за преработувачите и земјоделците
Усвоен договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
Мицкоски: Од февруари компаниите ќе можат да ги користат средствата од унгарскиот кредит 
Мицкоски: Во јануари очекувам фирмите да подигаат пари од унгарскиот кредит
Камата од 1,95% за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит
Таг:АлександрадокументиКулевскасн
Претходен напис Не сакавме да заминеме од селото па отворивме фарма за коњи и етно куќа, сега луѓето идат кај нас!
Следен напис Земјоделците кои се членови на задруги добиваат поддршка и до 90% од вредноста за набавка на механизација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?