Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Произведете органски бадем, цената достигнува 13 евра за килограм
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Произведете органски бадем, цената достигнува 13 евра за килограм
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Произведете органски бадем, цената достигнува 13 евра за килограм

Објавено 01/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во последниве неколку години се поактуелно е подигнување на насад со јаткасти плодови, конкретно бадем. Причините се неколку- полесни за одржување во однос на другите овошни култури како праски или јаболка, потоа поголема побарувачка на пазарот како за конзумација така и за преработка и на крај подолг рок на траење после берба.

Поради брзата дехидрација на бадемовото стебло во првите две години треба да се има предвид дали местото каде е предвиден насадот има вода за наводнување.

Во зависност од тоа дали има или не наводнување се определува подлогата и тоа ГФ ако има наводнување со моментална цена од 2.80 евра и дива подлога на места каде нема наводнување по цена од 2.10 евра.

Сорти кои се предвидени за засадување во Македонија ќе бидат нови сорти со доцно цветање поради честа појава на доцни мразеви. За површина од 1 ха потребни се 400 садници со поставување на одалеченост 4×4 и тоа на претходно обработена и наѓубрена површина. При копањето на отвор за садник во почвата треба да се води сметка да не се отвара со сврдел за да не доаѓа до цементирање на отворот и во тој случај кореновиот систем нема да може да се шири и би дошло до сушење на садникот.

Кога се припрема почвата се употребува ѓубриво со висок процент на органски материи и фосфор. Кога насадот е конвенционален во текот на вегетација би имало 5-6 третирања, а кога имаме органски насад во зависност од временските услови третирањата би достигнале до 8 во текот на вегетација

Исто како и кај сите овошки и бадемот има потреба од ѓубрење, прихрана и заштита во текот на вегетацијата.

Првиот род се очекува после тертата година а после четвртата година се очекува род од 25 килограми по садник.

Доколку производителот се определи да има органско производство тогаш исплатливоста е поголема затоа што субвенциите од државата се повисоки а цената на органскиот бадем достигнува и до 13 евра за 1 килограм.

Пишува: Ангела Ѓеровска Ѓуровска- Биоаграр Ресен 078 325 547

CIFARELLI V1200 – колекторот на јаткасти плодови е идеален за берба на лешници, костени, ореви…

Може да ви се допадне

Напредни техники за одгледување бадеми и органско производство
По изборите: Милијарди евра од Брисел на пат кон унгарските земјоделци?
Првите романски домати за сезоната достигнаа рекордни цени од околу 20 евра за килограм
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка
Таг:бадемигрчкиевракилогрампредлог бизниссадник
Претходен напис Сточарите да побрзаат со пријавување за субвенции за млеко, крајниот рок е 5 ноември
Следен напис Земјоделците да ги подигнат картичките „зелена нафта“ од подрачните единици на МЗШВ
1 коментар 1 коментар
  • Sashko напиша:
    на 14/02/2021 г. во 18:43 часот

    Koga pocnuva da cveti pentata
    Jas zemav 100sadnici penta od farma organika Prilep i pocna da napapuvat pred 4dena ako ne zavrnese snek ce imaa lisija pusteno

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?