Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Зашто лимонот во саксија не созрева на време?


Доколку плодовите на лимонот се со добра големина, но сеуште се зелени тоа може да биде последица на низа фактори кои делуваат на нивниот раст, развој и зрелост. 

Цитрусните стебла па и лимонот бараат повеќе одржување од другите овошја, но доколку сакате да одгледувате плодови во своето опкружување тогаш тоа е вредно да се потрудите. Треба да се напомене дека лимонот добива плодови дури три до четири години после садење, па важно е да се има трпение. Подоцна дрвото раѓа еднаш до два пати годишно особено кога климата му одговара.

Најдобри плодови растат од пролетното цветање, а тоа трае два месеца. Зрелите плодови мoжат да се берат скоро цела зима, од ноември па се до април или мај. Второто цветање настапува исклучиво во погодни услови и започнува во август, а трае до крајот на септември. Плодовите можат да се берат во мај, веднаш после последната берба на зимските плодови.

Меѓутоа, доколку плодовите лимон се со добра големина, а сеуште се зелени и не созреваат на време, тоа може да биде последица на низа фактори.

Зреењето може да трае и до девет месеци

Една од причините е дека плодовите можеби сеуште не се зрели па во тој случај ќе мора да бидете трпеливи и да почекате. Зреењето зависи од климата и условите, а може да трае до девет месеци но и подолго. Важно е да во текот на таа фаза на стеблото да му овозможите доволно вода и хранливи материи.

Како останатите цитруси и на лимоните им њ потребна редовна влага за одржување и здраво растење, за создавање на сочен плод. Како расте стеблото така расте и неговата потреба за вода се препорачува да се залева со дождовница. Сушата и топлината, или недостаток на простор поради малата саксија во која расте, се исто така, некои од причините зошто е плодот зелен.

Важна е староста и здравјето на стеблото

Стеблото на лимонот е првенствено насочено на растот на коренот и тоа му е приоритет, така да повеќе енергија се насочува токму на тоа како и на растот на лисјата. Тоа може да доведе до голем напор но и до тоа една до две години да нема плод, особено ако им недостигаат хранливи состојки.

Познато е дека лимонот има големи барања за хранливост. Потребно му е сезонска прихрана така да ѓубривата се додаваат во земјата или на супстратот во саксијата за да им се овозможи здраво и силно растење. Блага и кисела pH реакција на земјиштето и органски материи кои бавно ослободуваат азот ќе помогнат во одржување на нормалниот раст на лимонот.

Недостаток на топлина и сончева светлост

Зреењето може да го забави студеното и облачно време со малку сонце, но и премногу топлина. Доколку стеблото се наоѓа во саксија можете да го преместите на сончево и потопло место кое воедно ќе влијае и на приносот.

Ако е стеблото засадено во земја треба да се искрои поради подобро проветрување и продор на повеќе светлина. Исто така можат и некои соседни растенија да му ја одземат светлината, па треба и на тоа да се обрне внимание.

Количина на плодови

Колку долго треба да созрева плодот на лимон зависи од сортата како и подлогата на одгледување. Постојат поголеми и помали сорти, а кај помалите созревањето на плодовите е побрзо. Количината на плодови на стеблото исто така влијае на брзина на созревањето. Стеблото со голема количина на плодови, лисја и слично мора да овозможи хранливи материи на повеќе места а тоа има поголема побарувачка на вода па доколку не му се овозможи доволна количина тоа може да го забави зреењето што ќе резултира со помали плодови.

Извор: Агроклуб.рс

Апр 2, 2020agrotim2
Употреба на лепливи плочи во еко земјоделствотоМЗШВ: Вкупната финансиска поддршка за женско јагне е зголемена на 2.500 ден

Напишете коментар Откажи одговор

02/04/2020 Советилимон во саксија, лимони, одгледување на лимони1,490

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019