Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Козја сурутка – течност која го штити организмот од болести
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Козја сурутка – течност која го штити организмот од болести
Магазин

Козја сурутка – течност која го штити организмот од болести

Последна измена: 28/01/2020 11:42
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Козјата сурутка е зелено-жолта течност, што претставува нуспроизвод во производството на сирење. Овој древен лек го препорачувал и самиот Хипократ. Иако може да се прави од сите видови млеко, научно е докажано дека сурутката добиена од козјо млеко се издвојува од другите. Како една од причините се наведува тоа што козите се активни животни, повеќе се движат и пасат разновидна храна. Козјата сурутка, поради своите хранливи вредности, се вбројува во т.н. суперхрана.

Таа содржи живи бактериски култури многу слични на оние што можеме да ги најдеме во обичниот јогурт и е вистински еликсир за нашите црева. Се смета за многу здрава бидејќи содржи минерали, како калиум, фосфор, натриум, бакар, цинк, магнезиум, кобалт, манган и молибден и има повисока концентрација на млечни киселини и ензими.

Козјата сурутка треба да се користи редовно, особено при често дуење на стомакот, нередовна столица и хронично воспаление на цревата. Протеините од козјата сурутка може да помогнат во губење на тежината предизвикувајќи чувство на исполнетост бидејќи влијаат на зголемување на нивото на хормони што го намалуваат апетитот.

Протеините од сурутката се исти како оние во мајчиното млеко, а меѓу нив најзастапен е алфа-лакталбумин. Тоа е бесценета белковина, која е природен извор на елементарни аминокиселини, таа го врзува калциумот и ги зајакнува коските и забите, го подобрува расположението и помага при депресивни состојби.

Сурутката исклучително здрава ја прават протеините, кои играат голема улога во зајакнување на имунолошкиот систем така што оваа суперхрана е неопходна за луѓето со слаб апетит, особено се препорачува по долго боледување или за стари лица, кои редовно треба да ја земаат.

Освен што го зајакнува имунолошкиот систем и спречува многу болести, таа е една од главните состојки во исхраната на спортистите, а се користи во производството на храна за бебиња, како и во исхраната на бремените жени од проста причина што кај нив за една третина е зголемена потребата за протеини.

Козјата сурутка се препорачува на сите оние што се под стрес поради тоа што содржи аминокиселина која произведува серотонин – хормон на среќата. Таа ги олеснува заморот и грчевите во мускулите. Уште една голема корист на протеините од сурутката е што спречува остеопороза (слабеење на коскената маса), што е карактеристично за постарите луѓе.

Едно стражување направено во Бостон, покажало дека недоволното внесување протеини во подоцнежните години доведува до значително намалување на густината на коските, особено на бедрената коска и ‘рбетот, а сурутката во прав може ова да го надополни, дури и кај лицата што се алергични на лактоза (млечен шеќер).

Козјата сурутка ги чисти крвните садови од холестерол, ги отстранува наталожените наслојки на забите, спречува крвавење на непцата и кариес, го регенерира и го штити црниот дроб. Покрај сето ова, протеините од сурутката се обработуваат директно во нашите мускули овозможувајќи многу брзо закрепнување на мускулите веднаш по тренингот.

Ја препорачуваат и диетичарите и лекарите затоа што има многу придобивки за здравјето на луѓето, а исто така се знае дека сурутката за слабеење постигнува извонредни резултати бидејќи во литар сурутка има речиси двојно помалку калории отколку што има во истото количество млеко. Секако, ако вашиот приоритет е намалување на прекумерната тежина, не е доволно само да пиете сурутка, туку да се посветите и на секојдневни физички активности.

 Козјата сурутка може да се најде во течна форма или како сурутка во прав.

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:Козја суруткаСурутка
Претходен напис Малиот пазар, немањето континуитет и стандарден квалитет – клучни болки на македонскиот аграр
Следен напис Заштита на јаболчестите и коскестите овошни видови во текот на зимскиот и рано пролетниот период
3 коментари 3 коментари
  • Petre напиша:
    на 06/04/2020 г. во 00:05 часот

    Dali kozjoto mleko lekuva i astma kaj povozrasnite??

    Одговори
  • Vedelinka напиша:
    на 12/03/2021 г. во 19:45 часот

    Почитувани,брат ми заболе од Ковид а по раскажувањето на некои заболени што се излечиле,се работи за козја сурутка.Кафе можеме да ја купиме,испраќате ли он лајн,ние сме во,Скопје!
    Ве молам,дајте ми совет и,коментар.
    Што да правиме.
    Поздрав.

    Одговори
  • Sonja напиша:
    на 05/07/2023 г. во 10:42 часот

    Dali moze Surutka da pijat zeni so problem na tiroidata

    Одговори

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?