Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Засадување на украсни дрвја и грмушки во градината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Засадување на украсни дрвја и грмушки во градината
Магазин

Засадување на украсни дрвја и грмушки во градината

Последна измена: 02/02/2020 14:27
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

 Набрзо ќе дојде пролет и времето кога треба  да се засадат дрвенести и жбунести растенија во градината. Бидејќи тоа се повеќегодишни растенија кои ќе бидат на истото место повеќе години, треба да се посвети повеќе внимание околу нивниот избор и засадувањето.

 Декоративните дрвја и грмушки се повеќегодишни растенија кои остануваат на истото место долги години, затоа мора да им посветиме посебно внимание при садењето во нашата градина. Тие всушност  ја даваат структурата на градината, обезбедуваат сенка  и доаѓаат до израз со нивните контури, бои, текстури на кората, лисјата и цветовите односно  го исполнуваат целиот просторот во неа. Исто така произведуваат кислород, го намалуваат загадувањето и ерозијата на почвата.

При изборот најважна е крајната висина на дрвото.

 Пред да ги избереме дрвјата или грмушките што ќе ги засадиме, треба да ги проучиме нивните карактеристики. Една од најважните елементи е крајната висина на дрвото и колку време е потребно за да се достигне. Бидејќи некои видови растат бавно и на почетокот може многу добро да се вклопат во малата градина, но како што напредуваат со текот на времето тие можат да ја блокираат светлината, па дури и да ги оштетат темелите на домот.

 Многу видови дрвја ја достигнуваат својата крајна големина и убавина по 15 до 20 години,  па поради тоа грешките често се забележуваат кога растението ќе го достигне својот максимум, а потоа мора да се отстрануваат.

Постојат различни видови дрвја, и секој вид е посебен по својата специфичност и привлечност. Во зависност од видот на дрвјата и локацијата во градината, постојат многубројни начини за нивно одгледување. Значи, дрвјата можат да се одгледуваат како дрворед, неформално или индивидуално.

Садењето мора да биде планирано однапред, а пред секое садење мора да имаме во предвид дека дрвјата и грмушките што ги засадуваме повеќе не се пресадуваат. Неопходно е да се испита кое место во градината им одговара, а генерално, украсните дрвја не ја толерираат сенката на другите растенија, така што првиот чекор е да барате широки и светли места.

Почва и садење

Растенијата не треба да бидат засадени во влажна почва, т.е. почвата треба да биде сува до влажна, а структурата да биде рофита. Пред да се започне со садење, почвата треба да се прекопа, а тоа најдобро се прави кон крајот на есента. Глинените почви се слабо дренирани и задржуваат премногу вода и не се доволно воздушести, па таквата почва треба да се подобри. Треба да се ископа доволно голема дупка, а дното и sидовите на дупката не треба да се набиваат со што ќе се придонесе да  при обилните дождови водата  да  не се собира и да предизвикува гниење на коренот.

Кај поголемите дрвја откако ќе се посадат, се ставаат колци како потпори.

 Исто така, ако не сте сигурни каде да засадите дрво, можете да го одгледувате и во саксија, што е пожелно за оние видови на украсни дрвја кои не поднесуваат зима, така  полесно можат да се заштитат.

 Прихранување

 Ако сакате да ја прихраните почвата пред садењето, или ако квалитетот на почвата во која го засадувате растението е слаб, ископаната почва измешајте ја со супстрат или компост. Свежото шталско ѓубриво или органското ѓубриво не треба да доаѓа во директен контакт со корените, а околу засаденатите растенија ,може да се постави слој од трева.

Вообичаени видови растенија за садење во градините

Јапонски јавор (Acer palmatum) – Не зафаќа многу простор, неговите лисја изгледаат привлечно за време на есента. Се одгледува на заштитено и сончево место и му одговара малку кисела и влажна почва.

Магнолија – Позната е по своите големи и миризливи цветови со бели или розеви нијанси. Магноијата е растение кое бара сонце или светла сенка, а најдобро е ако се засади на места заштитени од силен ветер и мраз. Магноиите се многу погодни како единечни дрвја на тревникот и се засадуваат во април.

Јапонска цреша – Помало украсно дрво кое расте во просек помеѓу 8 и 12 метри, се сади во рана пролет или есен на сончеви места, и сака кисела почва со pH помеѓу 4,7 и 7,5.

Јасмин – Сака сончеви и сеновити места, расте до 5 метри височина, со опсег на крошната од околу 2 m. Има интензивен мирис и цветовите се со бела боја, а пролетта е совршено време за садење.

Јоргован – Сака многу сонце, но исто така толерира мала сенка и напредува на хумус и малку варовничка почва. Најдоброто време за садење е во пролет или есен со растојание од 1,5 до 4,5 метри, во зависност од видот.

Див костен – Плодна, добро исцедена и умерено влажна почва со малку кисела или неутрална pH вредност е погодна за садење и одгледување. Се размножува со семе кое, ако се сее во пролет, ќе из’рти за три до четири недели. Може да се размножува од младите растенија што понекогаш можат да изникнат покрај дрвјата кои се пресадуваат на саканата локација или да се купат садници.

Извор: Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:декоративни дрвја во градинатаукрасни растенијауредување на градината
Претходен напис Без стандарди и почитување на прописите не може да се биде дел од европскиот пазар
Следен напис 25 годишниот Ѓорѓија Димовски , електроинжинер и јаболкар – Својата иднина ја гледам во Преспа
1 коментар 1 коментар
  • Aleksandar todorov напиша:
    на 23/09/2020 г. во 09:07 часот

    Dobro utro sakam da ve prasam dali sega nesto imate za primane kandidati za rabota sto sakaat naskoro da se vrabotuvaat za na rabota po hortikultura zasto jas odamna veke cekam rabota da mi se ovozmozi da najdam zatoa sto mi e naporno vaka samo da gledam kako nemaat lugevo rabota a i ne se zadovolni od vas bas so ovaa situacijs sto ja imate za da nemozam da se vrabotam jas vo nekoja firma.

    Одговори

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?