Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 25 годишниот Ѓорѓија Димовски , електроинжинер и јаболкар – Својата иднина ја гледам во Преспа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > 25 годишниот Ѓорѓија Димовски , електроинжинер и јаболкар – Својата иднина ја гледам во Преспа
Предлог бизнис

25 годишниот Ѓорѓија Димовски , електроинжинер и јаболкар – Својата иднина ја гледам во Преспа

Последна измена: 02/02/2020 17:48
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

25 годишниот Ѓорѓија Димовски e од ресенското село Избишта . Иако тој е електроинжинер, професија која е една од најбараните и најплатените во светот, Ѓорѓија својата  иднина ја гледа во неговата родна Преспа, а не во странство. Неговото семејство поседува 3 хектари земјоделски површини од кои  2,5 хектари се со овошни насади и тоа: 70% „ајдаред“ 25% „црвен делишес“  5% „чадел“ и „златен делишес“.

-Моментално сум невработен електроинжинер и за разлика од моите колеги од факултет кои заминаа во странство, јас се вратив во мојата родна Преспа, каде што планирам да се оженам и да имам семејство, а моја животна желба е да ги спојам двете работи кои ги сакам, а тоа е електроинжинерството и јаболката. Јас не сакам да ја прекинам традицијата на моите предци кои со генерации вложувале во бавчите со јаболка кои денес ги имаме -, вели Димовски.  

За разлика од неговите врсници во градот, тој станува секое сабајле во 6 часот и го пие своето утринско кафе со своите родители и се разговара за  дневните обврски на бавчите со јаболка. Околу 8 часот со татко му одат на насадите со јаболка, каде што моментално ги режат јаболката се до 4 часот попладне, кога се враќаат дома.

-Апелирам до младите кои живеат во руралните средини да останат во својата земја и да произведуваат квалитетни земјоделски производи, а во исто време апелирам и до државата да направат услови за сигурен откуп на земјоделските производи, каде што младите луѓе ќе можат да го продадат своето производство  и пристојно ќе живеат од сопствениот труд – порачува Димовски.

Тој е  дел од Мрежата на млади фармери на Националната федерација на фармери и благодарејќи на активностите кои ги имаат добил бизнис идеи за понатамошно негово вложување и инвестирање. 

-Со посета на една од соседните држави, каде што видовме добри примери на фарми водени од млади фармери, кај мене лично влијаеше на промена на моите идни планови во земјоделството. Јас до сега имам земено средства од ИПАРД за механизација, но, по вклучувањето во НФФ и посетата во Нови Сад  сакам да аплицирам за ИПАРД за набавка на машини за преработки на јаболки кои имаат додадна вредност (чипс од јаболка, џем од јаболка, ракија од јаболка) и  коее  едно од решенијата  за ниската откупна цена  на јаболката – вели Ѓорѓија.

Извор – НФФ

Може да ви се допадне

Субвенции од 100% за набавка на ГОРИВО за земјоделска механизација
До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој
Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи
Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети си поднесе оставка
Таг:бизнис планвладаелектроинжинермеркимзшвмладинационална федерација
Претходен напис Засадување на украсни дрвја и грмушки во градината
Следен напис Топло време до утре попладне, потоа ветер и пад на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?