Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Замија – собно растение лесно за одгледување, отпорно и елегантно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Замија – собно растение лесно за одгледување, отпорно и елегантно
Растително производствоСовети

Замија – собно растение лесно за одгледување, отпорно и елегантно

Објавено 19/02/2021
Сподели
5 мин. за читање
Zamioculcas plant leaves close up
Сподели
Ad imageAd image

Замија (Zamioculcas zamiifolia), е тропско украсно, домашно растение, кое потекнува од Источна Африка. Се карактеризира со сјајни, овални темно зелени лисја кои со нивната елеганција, ќе ја украсат вашата куќа или канцеларија. Нејзиното одгледување е многу едноставно, а може да издржи и небрежност при одгледувањето и притоа да ја зачувува својата убавина .

Припаѓа на семејството Araceae. Стеблата на Замија растат во висина од 45 до 60 см, а некои и до 1 метар. Ова украсно растение бавно расте. На почетокот стеблата се подебели, додека на горниот дел се потанки. Листовите се наизменично распоредени долж стеблото. Целото растение има восочен, сјаен слој што му дава специфичен изглед. Иако главно се одгледува поради убавината на бујните лисја, постарите растенија ќе создадат ситни цветови во форма на конус, односно формираат цвет сличен на спатифилумот.

Дренажата е многу важна

Во однос на супстратот, замијата не е пребирлива, но дренажата со неутрална pH вредност, од 6,0 до 7,0, е многу важна за неа. Доколку е потребно, во супстратот може да се доде и песок.

Може да толерира различни услови на осветлување во затворените простории. Иако може да издржи средини без природна светлина со флуоресцентно осветлување, најдобро и одговара индиректно осветлување. Најдобра опција е прозорец од источната или северната страна. При недоволна светлина, стеблото се издолжува, што ја намалува неговата привлечност. Избегнувајте директна сончева светлина за да избегнете горење на лисјата. Периодично вртете го садот за да обезбедите рамномерен раст на сите страни на растението.

Со текот на времето, лисјата може да го изгубат својот сјај поради насобраната прашина. Не се препорачува употреба на комерцијални производи за бришење бидејќи тие можат да ги затнат порите на лисјата и да го отежнат процесот на транспирација. Наместо тоа, нежно избришете ги со влажна крпа и прегледајте ги лисјата од можни напади од вошки.

Благодарение на подземното стебло (ризом), замијата е отпорна на суша, т.е. во случај да се заборави да се полее. Замијата треба да се наводнува само кога подлогата е целосно сува, а тоа зависи од условите на одгледување. Ова собно растение полесно толерира недостаток на вода отколку премногу наводнување.

Вообичаената температура и влажност на просторијата во која престојувате ќе бидат соодветни и за ова растение. Со температура од околу 24 ° C и без прекумерен проток на воздух, растот на замијата ќе биде многу задоволителен и успешен.

Замијата, не е склона кон штетници, но може да биде нападната од вошки. Нивното присуство може да се забележи ако на растението се појават невообичаени жолти траги или дамки. Лисните вошки лесно се мешаат со лисјата, па затоа треба внимателно да се испитаат.

Размножување и пресадување

Се пресадува само кога растението ќе ја надмине големината на садот во кој што е засадена. Ова може да се забележи ако ризомот започне да излегува од почвата или обликот на садот е искривен. Исто така, се појавува пожолтување на лисјата, корените излегуваат од садот, а водата брзо тече низ неа. Како и кај повеќето домашни растенија, најдобро е да се почека до пролет или лето за пресадување за да може растението да го издржи нарушувањето на кореновиот систем. Исто така, важно е да се напомене дека садот во кој е пресадена замијата треба да има дупки на дното за дренажа!

Размножувањето може да биде на два начина: со делење на ризомот или со земање на гранче. Поделбата на ризомот се врши со одвојување и пресадување во посебни садови. Вториот метод е да се направи сечење на гранка од постаро растение која мора да има најмалку два листа на стеблото. Гранчињата потоа се садат во саксија со соодветен супстрат и се ставаат на топло место со индиректна светлина. Оваа метода на пресадување е многу побавна во споредба со поделбата, бидејќи за да се развие нов ризом ќе бидат потребни околу шест до девет месеци.

Предупредување за родителите и сопствениците на миленичиња! Сите делови од ова растение содржат малку токсични кристали на калциум оксалат. Затоа треба да обезбедите место на полицата каде нема да биде лесно достапна. При пресадувањето, исто така е неопходно да се носат ракавици за да се намали контактот со растението.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Формирање, налевање и зреење на зрното кај пченката – Значаен период за приносот и квалитетот
Високите температури и нивното влијание врз виновата лоза
Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Таг:Замијаодгледувањесобно растение
Претходен напис УХМР: Минусни температури наутро, сонце во текот на денот
Следен напис Зголемен водостојот на Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?