Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Владините политики за еколошка енергија ја донесоа првата инвестиција во ветропарк вредна 61 милион евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Заев: Владините политики за еколошка енергија ја донесоа првата инвестиција во ветропарк вредна 61 милион евра
Агровест

Заев: Владините политики за еколошка енергија ја донесоа првата инвестиција во ветропарк вредна 61 милион евра

Објавено 08/07/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Развивме сериозен енергетски стратешки план и една од точките на Акција 21, како и во Интервентниот План за инвестиции 2021-2027 е енергетиката. Тоа го потврдуваат и резултатите, нашата земја е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мега вати, што претставува раст од 10,1% и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто“, рече премиерот Заев на настан по повод означување на инвестицијата ветропарк Богословец.

Премиерот Заев изрази чест и задоволство што првиот парк на ветерници во земјата – Богословец станува реалност и рече дека проектот е исклучителен придонес кон пренасочување на националното производство на електрична енергија кон обновливи извори и надополнување на електричното производство приклучено на државниот оператор.

„Се работи за инвестиција вредна над 61 милион евра во општините Свети Николе и Штип. Ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капацитет во земјата и ќе придонесе кон намалување на CO2 емисиите од над 87 илјади тони годишно“, рече премиерот Заев и подвлече дека важно за целиот инвестициски циклус е фактот што при изградбата се запазуваат еколошките стандарди и истовремено се поддржуваат општите цели на земјата за климатска транзиција и обновлива енергија.

„Современата инвестиција со имплементирање на најмодерна технологија, се очекува да заврши за две години. Тоа значи во наредните 25 години обезбедување стабилно снабдување со зелена и еколошка електрична енергија за околу 20 илјади домаќинства“, објасни премиерот Заев и изрази благодарност до поддржувачите и инвеститорите на проектот.

„Голема благодарност, покрај до инвеститорот „Тхор Импекс“, и до „Erste Group Bank“ која го обезбеди повластениот кредит заедно со комерцијалните банки „Шпаркасе“, „Комерцијална“ и „НЛБ“, а особено и до „Австриската банка“ за развој за финансирање на проектот“, партнери кои, како што рече премиерот, со изградбата на овој ветерен парк, придонесуваат кон заедничката цел за зачувување на животната средина и зголемување на процентот на обновливи извори на енергија согласно зацртаните цели во стратешките документи кои ги усвои Владата.

Министерот Крешник Бектеши подвлече дека Министерството за економија како надлежно за политиките во делот на енергетиката ги поддржува активностите за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност, со цел реализација на зацртаните цели за учеството на обновливите извори на енергија утврдени во стратешките документи во насока на постигнување зелена и еколошка енергија.

„Ја усвоивме Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, која во столбот декарбонизација меѓу другото препорачува промовирање на обновливите извори на енергија на начин кој обезбедува одржлив развој и се предвидува дека фотонапонските и ветерните електроцентрали ќе бидат најбрзорастечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија, односно се планира изградба на 750 MW ветерни електроцентрали“, рече министерот Бектеши. Тој истакна дека е изработен Национален план за енергија и клима, согласно европското законодавство во соработка на Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање, со што се предлагаат мерки кои ќе обезбедат диверзификација на понудата, зголемена конкуренција на енергетските пазари, зголемено искористување на обновливите извори на енергија, зголемување на домашното производство на енергија, обезбедување и континуитет во снабдувањето со енергија на домаќинствата и компаниите, намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување на општата состојба на животната средина.

На настанот по повод означување на инвестицијата ветропарк Богословец присуствуваа и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:богословецветропарк
Претходен напис Времето денеска сончево и многу топло, температурата до 40 степени
Следен напис Една година од регистрацијата на првите мали семејни винарии, многу награди за квалитетни вина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?