Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За утре е најавен протест на кванташки пазар во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За утре е најавен протест на кванташки пазар во Скопје
Агровести

За утре е најавен протест на кванташки пазар во Скопје

Објавено 05/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Протест на кванташки пазар во Скопје.

До министерството за внатрешни работи закажан е протест на ден 06.12.2022 година.

Целта на јавниот собир е да се изрази јавното незадоволство на лицата закупци на Кванташкиот пазар од незаконското и своеволно однесување и постапување на раководните лица на кванташкиот пазар.

Ова незадоволство закупците на кванташкиот пазар во Скопје го изразуваат поради се почестите и се поголемите зголемувања на трошоци што се однесуваат на закупнината и особено за паркирање на возила во кванташкиот пазар.

Во минатото огромен беше и бројот на Земјоделците што сами си ги носеа своите земјоделски производи и директно си ги продаваа на купувачите на кванташкиот пазар во Скопје.

Протест на кванташки

Заради зголемените трошоци за паркирање на возило значајно е намален бројот на овие Земјоделци кои сами си продаваат а луѓето што се движат на овој пазар изјавуваат дека повеќе и никој не доаѓа од нив бидејќи не им се исплаќа да возат на пример од Валандово или од Ресен и неколку дена да плаќаат паркинг за камион или комбе во кванташкиот пазар.

Закупците на простор во кванташкиот пазар се жалат и на ужасните услови што владеат на пазарот и дека сопственикот не инвестирал во инфраструктурата на пазарот.

Исто ја истакнуваат и нелојалната конкуренција од трговците кои што продаваат од паркираните камиони низ улиците на главниот град.

Да се надеваме дека во иднина закупците на простор во овој пазар, заедно со Земјоделците кои што сакаат да продаваат на овој пазар ќе најдат заеднички јазик со лицата управители на овој значен пазар во Скопје.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ипазаркванташкипротесттрошоци
Претходен напис ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени
Следен напис Ковачевски и Николовски во ОУ „Ј.Х. Песталоци“ по повод проектот „Здрава ужинка за секој ученик“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?