Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени
Агровести

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени

Објавено 05/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на предизвикот за „Справување со климатски промени 2022” кој го спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции.

Добитници се – проектот „Влијание на мрежи за засенчување врз квалитетот и антиоксидантниот потенцијал на малини и капини одгледувани во кривопаланечкиот регион” на компанијата Виламет, проектот „Challenger@Work” на компанијата Гринт ИТ, проектот „Еколошки бекатон плочки од оризови лушпи и лигнин” на компанијата Иновативност ДООЕЛ, проектот „Лама” на компанијата Кодхем ДООЕЛ и проектот „Од отпад до органска вредност” Доминос ДООЕЛ.

Иновативните решенија кои ги понудија петте компании, велат од ФИТР, ќе овозможат развој на иновативни, климатски/чисти технологии, производи и/или процеси насочени кон ублажување или намалување на последиците од климатските промени.

–Климатските проемени се една од најголемите закани со кои се соочува човештвото, и затоа навистина сум горд што ФИТР активно се вклучува во заедничките напори на Република Северна Македонија да одговори на предизвиците на климатските промени, особено со инвестиции во ранливите сектори. Предизвикот за справување со климатски промени претставува само почеток но и конкретен чекор кој го спроведовме во насока на зајакнување на климатското финансирање во Северна Македонија, со што го поттикнавме потенцијалот на приватниот сектор да инвестира во иновативни решенија за справување со климатски промени. Но ние не застануваме тука, врз основа на неодамнешната одлука на Влада, ФИТР да биде назначена за прв национален субјект кој ќе го започне процесот на акредитација за ЗКФ, го започнавме процесот на подготовка на апликација за акредитација за Зелениот климатски фонд,. На овој начин, државата ќе може директно да пристапи до ЗКФ, со целосна сопственост во процесот на климатско финансирање и негово подобро интегрирање со националните кациски планови за клима, истакна Фестим Халили, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Халили изрази уверување дека поддржаните проекти на компаниите, но и, како што рече, сите ние – институциите, научните и граѓанските организации и приватниот сектор, активно ќе се вклучиме во борбата против климатските промени.

Вкупниот буџет на повикот изнесува 7.5 милиони денари, додека Фондот обезбедува финансирање до 90 отсто од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.5 милиони денари по проект. Спроведувањето на добитните проекти може да биде до 12 месеци.

На предизвикот кој бил отворен од 14 јуни до 1 септември 2022 година биле поднесени вкупно 25 проектни апликации, кои ги поминале двете фази на претселекција и финална селекција од страна на Комисијата за оценување и избор, која ја донела и конечната одлука за финансирање на најдобрите пет проектни апликации.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:фестимФИТР
Претходен напис „Бизнис план во земјоделството“ – Нова мерка во програмата за Рурален развој со грант до 600.000 денари
Следен напис За утре е најавен протест на кванташки пазар во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?