Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За рибарите: Како да извадите државна дозвола за рекреативен риболов?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > За рибарите: Како да извадите државна дозвола за рекреативен риболов?
Шумарство и водостопанство

За рибарите: Како да извадите државна дозвола за рекреативен риболов?

Објавено 04/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ве информираме за сите потребни сознанија кои треба да ги имате околу вадењето на дозвола за риболов пред да одите на терен и одговораме на вашите најчести прашања:

Нашиот совет е дека најпрво треба да се информирате дали водата на која сакате да рибарете е дадена под концесија затоа што ако не е тогаш таму риболовот е забранет и не може да се извади дозвола. Доколку водата има концесионер тогаш треба да се информирате кој е тоа ,колку чини таквата дозвола, затоа што има дневни, неделни и годишни дозволи и каде може да ја извадете.

Најчесто ваквата дозвола можете да ја извадете во риболовните пунктови на концесионерите или пак да ја уплатите сумата за дозвола на сметката на концесионерот, еден или неколку денови претходно од тој ден кога го планирате за риболов.

Второ прашање кое сигурно си го поставуавте е дали само со извадена легитимација може да одите на риболов?

Веднаш ќе ви кажеме Не! Затоа што легитимацијата е предуслов за да можете да извадете дозвола за риболов, во случај ако немате важечка легитимација тогаш можете да вадете дневни, неделни или годишни дозволи од самиот концесионер на чии води сакате да риболовите. Или поедноставно кажано за да немате проблеми со инспекторите , секогаш со себе треба да имате и важечка легитимација и важечка дозвола за риболов.

Рибарите се недоволно информирани и за тоа дали ако извадат легитимација преку едно здружение, друго здружение кое исто така е концесионер на вода може да му направи проблем и и да не му издава дозвола

И овде одговорот е Не!

Овие проблеми се спротивно на законот и тој концесионер веднаш треба да се пријави на Државниот инспекторат за земјоделство. Легитамицијата е една и важи за целата територија на државата без разлика преку кое здружение е извадена. Правењето на проблем од страна на концесионерот и неиздавање на дозвола може да го доведе до одземање на концесијата.

Прашање кое си го поставуваат рибарите е и дали легитимацијата важи една година од моментот кога ја извадиле или до крајот на секоја тековна година.

Легитимацијата важи до крајот на годината, без разлика во кој месец ја имате извадено до крајот на тековната година односно до декември. Затоа е препораката легитимацијата т.е маркица за тековната година да се вади на почетокот на годината а нејзината важност се гледа преку маркицата која се лепи од задната страна на легитимацијата.

За годишната државна дозвола, цената е 7.000 денари и важи на сите риболовни ревири и рекреативни зони (реки и езера) каде што е доделена концесија.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
Еврото ослабе, доларот достигна највисоко ниво во последните недели
Самит Македонија2026: Помошта од дијаспората не е само со пари
(ВИДЕО) Иротова – Лазарева: Продолжува исплатата, потпишување на договори, а следно ќе бидат нови повици за ИПАРД
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Таг:дозволадржавна дозволапаририбаририболовци
Претходен напис Во 2020 година Хрватска на земјоделците ќе им исплати најголеми суми за поддршка досега
Следен напис ЕК без конкретни одговори за злоупотребите на ЕУ фондовите во земјоделството
1 коментар 1 коментар
  • Nikola напиша:
    на 07/01/2021 г. во 19:14 часот

    Ovaa uplatnica od 4900 den legitimacija i sto po natamu kakva e postapkata za drzavna dozvola za 2021

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?