Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За ниската откупна цена и проблемите во оризопроизводството ќе се бараат долгорочни решенија, најави Серафимовски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За ниската откупна цена и проблемите во оризопроизводството ќе се бараат долгорочни решенија, најави Серафимовски
Агровести

За ниската откупна цена и проблемите во оризопроизводството ќе се бараат долгорочни решенија, најави Серафимовски

Објавено 29/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Долгорочно решение за ниските цени и проблемите со откупот на оризот најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој беше во посета на Хидросистемот „Злетовица“ во Пробиштип.

Серафимовски истакна дека утринава имал разговори со откупувачите на ориз, а претходно имаше средба со оризопроизводителите, на која што му се презентирани проблемите со ниската откупна цена на оризовата арпа и вишокот на оризот кој стои во амбарите. 

– На оваа проблематика пристапивме десетина дена порано уште со мојата прва посета во Чешиново со оризопроизводителите, каде што ги согледавме сите ситуации што ги имаат како проблеми, предизвици и останати работи во тековниот период. Во моментот имаме залихи на ориз и оризова арпа кои што стојат и кај производителите и кај откупувачите, но главниот момент е цената што треба да биде предмет на договор помеѓу едните и другите – изјави Серафимовски. 

Тој истакна дека откупот на оризовата арпа продолжува, а цената во моментов се движи од 18 до 25 денари за килограм, зависно од квалитетот.

Министерот Серафимовски вели дека ќе се работи на конкретни мерки за следната реколта, за проблемите со откупот и цената да не се повторуваат секоја година. 

– Во моментот имаме продолжување на откупот на оризовата арпа, 18 денари е минималната цена што ја откупуваат, но, сепак, согласно квалитетот на оризовата арпа, таа се движи и 20 до 25 денари, информација што утрово ја добив од откупувачите на ориз. Така што кон овој проблем пристапуваме комплексно. Жалам што дојдов во период каде што веќе проблемот ни беше ставен на маса. Сега пробуваме да најдеме решение што ќе го надмине овој момент, но затоа во наредниот период, со подготовка за новата реколта, а воедно и по завршувањето, ќе отпочнеме со решение и практични мерки за да можеме да се подготвиме за наредната – рече Серафимовски.

Прашан дали е надминат проблемот со откупот на млеко во Пијанечко-Малешевскиот регион Серафимовски рече дека овој проблем за сточарите е решен. 

МИА

Може да ви се допадне

Царинска управа: Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани
Зголемена фреквенција на ГП Богородица, се чека 40-ина минути
ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
Земјотрес почувствуван во Струга и околината
Без вода дел од општина Ѓорче Петров, а без струја Долно Лисиче
Таг:оризопроизводствотооткупна ценарешенијаСерафимовски
Претходен напис Сарма од лозови листови
Следен напис Царинска управа: Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?