Ако сте надвор на екстремните горештини, применете некој од овие методи да се разладите. Ќе ви овозможи посакувано освежување и насочено ладење на телото со ладење на сензорите за контрола на температурата.
-Наполнете шише со распрснувач со вода. Повремено навлажнувајте ги изложените делови од телото.
-Задниот дел на вратот, без разлика дали сте под сенка или на сонце нека ви биде заштитен. Сензорите за контрола на температурата се наоѓаат во тој дел, така што ладењето на тој дел значи ладење на остатокот од телото.
-Навлажнете ја косата, цела или само малку намокрете ја, во зависност од тоа колку ви е жешко. Испарувањето на водата ќе ја олади главата.
-Навлажнете ги капата или шеширот и ставете ги на главата.
-Намокрете ги ракавите на кошулата. Како што дува ветерот, така ќе ве разладува.
-Стапалата често разладувајте ги со вода. Носењето тенки обувки во лето честопати доведува до прегревање на стапалата.
-Ќе ве разлади и навлажнување на зглобовите на рацете. Правете го тоа секој час. Ова ќе ја намали температурата на вашето тело.
-Туширајте се со ладна вода
-Пијте често многу вода
