Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември во Белград на отворање на саемот Винска визија Отворен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември во Белград на отворање на саемот Винска визија Отворен Балкан
Саеми и манифестации

Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември во Белград на отворање на саемот Винска визија Отворен Балкан

Објавено 30/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Република Албанија, Еди Рама, ќе присуствуваат на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан во четврток, 1 септември 2022 година, на Белградскиот саем, соопштија од кабинетот на српскиот претседател, јави дописникот на МИА од Белград.

Саемот се одржува под покровителство на владите на Република Србија, Република Северна Македонија и Република Албанија, во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

И српската влада соопшти дека официјалната церемонија на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан ќе се одржи во четврток, 1 септември 2022 година, во 13 часот на Белградскиот саем, во Хала 1.

Како што претходно пишуваше МИА, на манифестацијата своето присуство го најaви и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, а српскиот претседател соопшти дека се очекуваат и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција.

На 2 септември предвиден е политичкиот дел од Иницијативата Отворен Балкан, а вечерта премиерот Димитар Ковачевски ќе приреди Македонска вечер, т.е Културен настан со дегустација на вкусни македонски вина и храна, придружени со музиката на виртуозот Влатко Стефановски.

Денес Министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ за РТС изјави дека „Винска визија на Отворениот Балкан“ е еден од првите заеднички чекори во конкретизирањето на идеите и стратегијата на Отворениот Балкан.

-Заедно сме посилни, преку иницијативата Отворен Балкан можеме да постигнеме многу повеќе, особено во вакви тешки, економски предизвикувачки времиња во кои живееме и кои не очекуваат. Така, дури и кога зборуваме за вински туризам и за нов туристички производ што го сакаме да го формираме преку иницијативата Отворен Балкан, мислам дека пред нас се големи перспективи и оваа иницијатива ќе го покаже тоа, кажа Матиќ.

Ова не е само туристичка трговска порака, додаде таа, ова е важна политичка порака особено во овие тешки времиња и оваа иницијатива уште еднаш докажува колку е значајна, колку е важна за регионот.

Министерката истакна дека на саемот, покрај виното и гастрономијата е важен сегмент и додаде дека ќе се промовираат и културното наследство, активниот туризам, природата и градските одмори.

-Бидејќи тоа е уште една туристичка вредност што сакаме да ја промовираме и која е заедничка за сите земји во рамките на иницијативата Отворен Балкан. Покрај тоа, заедно со нашите колеги од Северна Македонија и Албанија, се договоривме дека покрај виното туризмот и гастрономијата што сакаме да ги промовираме, се разбира, сакаме да го промовираме и нашето културно наследство, активниот туризам, природата, градските одмори. Едноставно сакаме заедно да одиме на поголемите пазари, рече министерката Матиќ.

Може да ви се допадне

Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Ковачевски: Субвенциите за тутунот на историски највисоко ниво, сумата од 26 милиони евра ќе важи и наредната година
Таг:open balkanВинска визија Отворен БалканвучиќковачевскиРама
Претходен напис Акумулацијата Палурци се полни од хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“
Следен напис Бочварски: Jа поедноставуваме процедурата за поставување фотонапонски електро-централи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?