Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Jа поедноставуваме процедурата за поставување фотонапонски електро-централи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочварски: Jа поедноставуваме процедурата за поставување фотонапонски електро-централи
Агровести

Бочварски: Jа поедноставуваме процедурата за поставување фотонапонски електро-централи

Последна измена: 30/08/2022 17:53
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Владата на Република Северна Македонија работи активно и посветено во ублажување на последиците од светските кризи, вклучувајќи ја и енергетската.

Министерството за транспорт и врски е во постојана комуникација со сите надлежни институции за изнаоѓање начини и решенија за креирање најповолни услови за секој граѓанин да може брзо и без комплицирани процедури да постави фотонапонски електро-централи на објект, притоа помагајќи му и на електро-енергетскиот систем.

Министерот Бочварски на прес-конференција ја информираше јавноста дека на денешната Владина седница се поминати измените и дополнувањата на Законот за градење во врска со поедноставување на процедурата за поставување на фотонапонски електро-централи, кои ќе бидат доставени во собраниска процедура.

„Ги поедноставуваме процедурите, граѓаните ќе можат брзо и полесно да постават фотонапонски електро-централи на објекти. Денеска на владина седница ги поминавме измените и дополнувањата на Законот за градење кои се однесуваат токму на овие процедури и истите сега ќе бидат доставени до Собранието. Клучно е дека повеќе на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи кои се поставуваат на објекти, односно истите ќе треба да достават само известување до општината со основен проект и имотен лист за објектот на кој треба да бидат поставени. На овој начин домаќинствата и заедници на станари ќе можат да постават фотонапонски електроцентрали со јачина до 6 киловати, а правни лица до 40 киловати.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

За поставување на фотонапонски електро-централи ќе бидат потребни следните документи:

  1. Извод од Централен регистар доколку инвеститорот е правно лице или копија од лична карта доколку инвеститорот е физичко лице
  2. Имотен лист за објектот на кој се поставуваат фотонапонските електро-централи
  3. Основен проект за поставување фотонапонска електро-централа

Основниот проект треба да содржи општ и проектен дел кој се состои од архитектонски проект и проект за електрична инсталација и опрема.

Градбите ги поставува изведувач со лиценца, кој врз основа на изјава под кривична и материјална одговорност гарантира дека истите се поставени согласно законските процедури.

Инвеститорот е должен примерок од изјава на Изведувачот да достави до единица на локалната самоуправа и до Агенција за енергетика.

Контрола врз градбата ќе вршат општински градежни инспектори.

Министерот Бочварски ги повика сите пратеници проактивно да се вклучат во процесот на носење на измените на Законот за градење и час поскоро да им се помогне на граѓаните и на целата држава во надминување на енергетската криза.

Може да ви се допадне

Наскоро субвенции и за производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
ЕК и изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
Состојба на патиштата
Таг:fotovoltaiciбочварскисубвенции
Претходен напис Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември во Белград на отворање на саемот Винска визија Отворен Балкан
Следен напис Времето денеска променливо и нестабилно, попладне повторно дожд, грмежи и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?