Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Саеми и манифестации

Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград

Објавено 08/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Србија денеска објави дека Четвртиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ (Wine Vision by Open Balkan), еден од најголемите и најважните вински и гастрономски настани во Европа, ќе се одржи од 22 до 25 ноември на Белградскиот саем.

Таа манифестација е плод на иницијативата  Отворен Балкан што ги поврзува Србија, Северна Македонија и Албанија. На неа оваа година ќе има повеќе од 600 изложувачи, што ќе презентираат вина, жестоки пијалоци, деликатеси и туристички понуди од Србија, регионот и региони од сите континенти.

За време на овој меѓународен настан, ќе бидат организирани низа едукации, работилници, мастер класи, натпревари и панел дискусии, како и уникатни дегустации, со оглед на тоа што бројни експерти за вино, носители на престижната титула „Master of Wine“, вклучувајќи го и претседателот на глобалната организација на експерти за вино, Институтот „Masters of Wine“, Род Смит МВ, го најавија своето пристигнување во Белград.

Покрај изложувачите, на Белградскиот саем ќе бидат присутни неколку стотици трговци со вино, увозници и дистрибутери од целиот свет.
Како и во претходните години, подготвена е посебна дигитална платформа за закажување B2B средби, што овозможува директен контакт и воспоставување деловна соработка во специјално опремен простор.

Во финалето на саемот, вина од Србија, Северна Македонија и Албанија ќе се натпреваруваат за титулата најдобри, а меѓународни експерти, меѓу кои и пет експерти со титулата Мајстор на виното, ќе ги дадат своите оценки. Покрај вината, ќе бидат презентирани и резултатите од натпреварот „Трофеј ракија“.

Исто така, како дел од кулинарскиот дел од саемот, ќе се одржи настанот „Визија за храна“ (Food Vision), посветен на регионалната гастрономија и угостителство. Посетителите ќе имаат можност да следат натпревари во готвење и други активности. 

МИА

Може да ви се допадне

Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
ЕБОР назначи нов директор за ЈИЕ, седиштето ќе му биде во Белград
Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
Српските земјоделци ќе плаќаат гориво по пониски цени
Во Србија нема појава на птичји грип, соопшти Министерството за земјоделство
Таг:БелградМеѓународен саемракијасрбија
Претходен напис Дечиња од градинката „Димче Мирчев“ во Велес беа гости на овчарската фарма „ВЕМИ“
Следен напис Понуда на земјоделците: Малешевско сирење, беровски компир, зелка, мед…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?