Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, во рамки на посетата на Преспанскиот регион, оствари средба со младиот земјоделец Селим Зејнели од околината на Ресен, кој од Општина Ресен е прогласен за најдобар млад земјоделец на годината.
Зејнели развива повеќе земјоделски дејности. Тој поседува насади со јаболка, одгледува тутун и се занимава со сточарство, а неодамна започна и со работа на приватен откупен пункт за земјоделски производи.

На средбата се разговараше за неговата работа, условите со кои се соочуваат младите земјоделци, како и за можностите за понатамошен развој и проширување на производството.
Заменик-министерот Хоџа истакна дека вклучувањето на младите во земјоделството и иницијативите што ги поврзуваат производството, откупот и пласманот на земјоделските производи се значајни за развојот на земјоделскиот сектор и локалната економија.

„Задоволство е да се сретнат млади луѓе кои одлучиле да работат и да инвестираат во земјоделството. Селим е добар пример како со работа и иницијатива може да се создаде перспектива во местото каде што живееме“, истакна Хоџа.
МЗШВ
