Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети средства за заштита
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети средства за заштита
Агровести

Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети средства за заштита

Објавено 23/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Контролата спроведена кај производителот на зелката што неодамна беше вратена од Хрватска поради нејзина наводна неисправност и направените анализи покажала дека во посочената земјоделската култура не било детектирана употреба на забранети препарати за заштита. Тоа го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој во Охрид ги следеше активностите за вештачки мрест на еднемичниот вид охридска пастрмка.

– За пратката вратена од Хрватска веднаш беше интервенирано, беше проверено кој е производителот, кој е извозникот. Преку Инспекторатот за земјоделство направени беа дополнителни контроли, земени се мостри од извезениот градинарскиот продукт. Направените анализи испаднаа негативни односно покажаа дека таков препарат не е употребен во земјоделската култура, рече Трипуновски одговарајќи на прашање на новинарите по однос случајот.

Министерот Трипуновски рече дека не знае дали се работи за некаква грешка на хрватските гранични контроли, но категорично изјави дека во Македонија кај посочениот земјоделец не се пронајдени такви недозволени пестициди ниту анализите покажале употреба на забранети средства.

Тој истакна дека засилени се контролите во делот на илегална односно недозволена трговија со препарати за заштита на растенијата.

– Работиме на проширување на дозволената листа препарати, со цел земјоделците да имаат пристап до повеќе препарати кои се можеби и поевтини и со поголема ефикасност, рече министерот Трипуновски. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:забранети средствазаштитазелкатаХрватска
Претходен напис Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
Следен напис Самарџиоски: Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?