Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
Агровести

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар

Објавено 02/11/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55 отсто. Од полноќ бензините поскапуваат по два, а дизелот еден денар.

Според одлуката, цената на моторниот бензин „Еуросупер БС-95“ се зголемува за два денари по литар и ќе изнесува 93 денари, додека „Еуросупер БС-98“ исто така поскапува за два денари и ќе се продава по 95 денари за литар.

Цената на дизел горивото „Еуродизел БС (Д-Е V)“ се зголемува за еден денар и од утре ќе изнесува 100 денари за литар.

Без промена останува цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), која ќе изнесува 110 денари за литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 1,300 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 55,573 денари за килограм.

- Реклама -
Ad image

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

МИА

Може да ви се допадне

Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина
Бројот на работниците во индустријата намален за 2,9 проценти во септември
Водата за пиење во Скопје е безбедна, сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите
Јавен повик за изложување производи во биопазарот во Кавадарци
АФПЗРР: Балканска конференција за земјоделски задруги
Таг:еден денарполноќпоскапуваат
Претходен напис ИНОВА со јавен повик за избор на организации за поддршка на претприемништвото
Следен напис Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?