Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Самарџиоски: Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Самарџиоски: Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија 
Агровести

Самарџиоски: Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија 

Објавено 23/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Дефинитивно инфраструктурата е еден од клучните фактори за развој на државата и на регионите. Таму каде што има добра инфраструктура градовите живеат и работат. За жал, регионот од каде што доаѓам, Пелагонија, каска зад сите региони во Македонија,“ изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска пиварница“ АД Прилеп, во последното издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески.

Во разговорот Самарџиоски истакна дека недостигот од инфраструктура ги попречува економската активност и привлекувањето нови инвестиции. Според него, оваа област останува слепо црево на нашата држава, што доведува до затворање компании и до недостиг на интерес од странски инвеститори.

„Недостигот од инфраструктура и инвестиции во овој регион доведува до затворање компании и до недостиг на интерес од странски инвеститори. Ако нема инфраструктура, младите ја напуштаат таа област и се селат во поголеми градови“, додаде тој.

Како клучна мерка за подобрување на инфраструктурата Самарџиоски ја нагласи потребата од нови транспортни коридори, како што е патот Велес–Прилеп–Битола–Лерин–Игуменица, со што ќе се растовари Солунското пристаниште и ќе се отворат нови пристапи до пристаништата во Игуменица и во Драч.

Самарџиоски во разговорот со Азески, исто така, ја нагласи важноста на регионалната соработка за економскиот напредок на Македонија, посочувајќи дека мал пазар како нашиот не може да остане конкурентен без поддршката од поголемите соседни пазари.

„Не едни да бидат доминантни, а други да бидат потчинети. Треба да се создадат услови за вистински партнерски односи, кои ќе помогнат во развојот на нашата економија. Мал пазар како Македонија не може да оди напред без соработка со поголемите пазари,“ изјави Самарџиоски.

Сашко Самарџиоски е назначен за генерален директор на „Прилепска пиварница“ АД Прилеп во 2007 година, а неговото лидерство се карактеризира со фокус на корпоративното управување, кое вклучува систематизација на процесите и на процедурите заради подобро управување со компанијата.

„Прилепска пиварница“ минатата година прослави еден век постоење. Во 1979 година станa дел од светското семејство на Pepsi. Инвестициите во високата технологија ја направија „Прилепска пиварница“ една од најмодерните на Балканот. Има добиено голем број награди вклучувајќи и награди за најдобро продадени пијалаци „Пепси“ од глава на жител во земјава.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИнфраструктуратаМакедонијанапредокотразвојСамарџиоски
Претходен напис Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети средства за заштита
Следен напис Раст на цените на житото на берзите, најмногу на пченката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?