Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Во Велика Британија пристигнаа сезонските работници од Источна Европа, а Италија има големи проблеми


Проблемите со сезонските работници погодија поедини европски држави, а за да ги спасат од пропаѓање јагодите и шпарглите, Велика Британија „ увезе“ работна сила од источна Европа. Имено, таму пристигна со авион 180 романски работници, а ова е само прв од планираните шест летови кои ќе помогнат во недостаток на работна сила во земјоделството.

Потребни им се 70. 000 сезонски работници

Со години овде пристигнуваат работници од Источна Европа,  најмногу од Романија, Бугарија и Украина. На стопанствата  и се потребни 70. 000 сезонски работниц, а дури 90% од нив доаѓаат од странство.

После Брегзитот прашање е кој ќе им помогне во бербата на посевите, а министерката за надворешни работу Прити Пател изјави дека во тамошните работодавачи би можеле да ги заменат работниците кои пристигнуваат од Европа со дури 8 милиони британски работници. Но, поради пандемијата се принудени да се надеваат на тие од странство.

Претседателката на Националниот сојуз за земјоделство, Минет Батерс за Гвардијан вели: „Сеуште имаме време да бараме работници бидејќи критичниот период за берба нема да започне до следниот месец, а мноgу повеќе ќе знаеме до мај “.

Романиците негодуваат

Доаѓањето на првите работници во Британија предизвика незадоволство кај работниците од Романија кои пристигнаа во  Лондон и  во врска со тоа Дана Михалачеа за Еуроактив вели :  „Романската држава и амбасадата на Романија  не учествуваа во ова, мислам дека ваквите потези не се добри за условите во кои се наоѓаме но не можеме да ги контролираме приватните иницијативи“.

Вработувањето на романски  сезонски работници доаѓа во време кога пандемијата доведе до изолација како и зголемена побарувачка на храна. „По мое мислење, не би требало да мигрираат значаен број на луѓе од една земја во друга“, заклучува Михалачеа.

И британските работници ги „засукаа ракавите “

Во Велика Британија е покрената акција под името „ Нахрани ја нацијата“ за да се пронајдат кандидати за помош за работата на полињата. Неодамна и Батерс изјави дека работниците кои ја изгубиле работата истата ќе ја пронајдат во земјоделството.

Британците се активираа, а од Агенциите за вработување велат дека добиле голем број на барања од своите државјани кои поради пандемијата ја загубиле работата и дека ќе ги засукаат ракавите и ќе берат салата, јагоди и малини.

Проблеми во Италија

На полињата во Италија која беше најмногу од пнадемија, пролетните посеви на шпаргли и јагоди подготвени се за берба но прашање е кој ќе ги бере бидејќи тие зависат од 400.000 сезонски работници. Министерката за земјоделство Тереза Беланова, предложи на мигрантите да им се одобрат работни дозволи за да се намали недостатокот за работна сила. „ Не можеме да дозволиме производите да скапуваат по полињата додека се повеќе луѓе во земјата гладуваат“ изјави таа.

Со неа не се согласуваат политичарите но и професорот за макроекономија Франческо Давери кои вели: „Мораме да ја осигураме сезонската берба но бдиејќи многумина Италијанци останаа без работа, вработувањето на мигранти ќе создаде поголема конкуренција на пазарот на труд и ќе предизвика притисок во врска со  платите“. 

Критики за Италија поради лошите работни услови

Италија се соочи и со критиките поради лошите услови за работа за мигрантите кои работат прекувремено и имаат ниски плати. Имено, во последните шест години во Италија поради лошите услови починале околу 1.500 работници во земјоделството. Италијанскиот земјоделски сопственик Донао Форте вели: „Се подготвуваме за берба на шпаргли, праски, вишни и цреши, а ни недостига половина од работниците кои инаку ги вработуваме во текот на сезоната што претставува потенцијално губење на половина од приносот “.

На овошјето и зеленчукот во одредени делови на светот им се заканува пропаѓање поради потешкотиите со вработувањето на сезонските работници, а дел од земјите низ Европа се обидуваат да го надополнат недостигот од работна сила со помош на  кампањи за вработување и нови мерки на миграција.

Апр 21, 2020agrotim2
Денеска тутунарите со презимиња на буквите А, Б, В, Г и Д, можат да ги подигнат парите за субвенции во банкаПивара која ги преживеа сите светски војни, за првпат затворена по 400 години работа

Напишете коментар Откажи одговор

21/04/2020 ПазариВелика Британија, италија, романија, Сезонски работници802

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019