Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Холандија, Велика Британија и Франција погодени од топлотен бран
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Холандија, Велика Британија и Франција погодени од топлотен бран
Агровести

Холандија, Велика Британија и Франција погодени од топлотен бран

Објавено 23/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Холандскиот Кралски метеоролошки институт издаде портокалов метеоаларм поради екстремните високи температури на воздухот во сите покраини, со исклучок на Фризија, Дренте и Гронинген, каде во сила е жолт метеоаларм.

Портокаловиот метеоаларм е воведен бидејќи се очекува температурата на воздухот да се искачи најмалку до 34 степени Целзиусови во следните три дена.

Додека во Велика Британија е прогласен црвен метеоаларм на подрачјата од Лондон до Свонси и од Сомерсет до Бирмингем од девет часот утре до 21 часот в четврток.

Британската метеоролошка служба соопшти дека се очекува топлотниот бран да предизвика сериозни последици, дури и опасни по животот на граѓаните. Исто така предупредува дека е потребно да се воведат „значителни промени“ во работата и секојдневната рутина, а се очекува и прекини во снабдувањето со електрична енергија или дефекти на инфраструктурите системи чувствителни на топлина.

И Франција е погодена од топлотен бран, а за време на викендот се регистрирани околу 20 смртни случаи од давење.

Француската министерка за спорт и млади Марина Ферари апелираше до граѓаните да бидат внимателни и да пливаат само во уредени и базени под надзор, нагласувајќи дека пливањето во необезбедени зони за време на топлотни бранови може да претставува сериозен ризик.

Ферари посочи дека повеќе од 90 проценти од населението на Франција е изложено на екстремно високи температури.

МИА

Може да ви се допадне

Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
АМСМ: На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања
УЈП најави прекин – Апликацијата „МојДДВ“ ќе биде недостапна
Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати
Европа се соочува со нов силен топлотен бран
Таг:Велика Британијатоплотен бранФранцијаХоландија
Претходен напис Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
Следен напис Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?