Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Србија, 24.000 хектари се под органско производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Во Србија, 24.000 хектари се под органско производство
Органско производство

Во Србија, 24.000 хектари се под органско производство

Објавено 25/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Бранислав Недимовиќ изјави дека во последниве години сѐ повеќе земјоделци се одлучуваат за органско производство и посочи дека околу 24.000 хектари земја во Србија се под органско земјоделско производство, пренесува Политика.рс.

Недимовиќ рече дека најголем профит може да се оствари на малите парцели ако се почне во систем на органско овошје и додаде дека денес тоа е исплатливо бидејќи органската храна се бара не само на запад, туку насекаде.

„Сѐ над 200 метри надморска височина во Србија, особено Западна Србија, но и Источна Србија, многу лесно може да се претвори во органско земјоделско производство, за да се оствари многу поголем профит, бидејќи таму никогаш немало хемија“, рече Недимовиќ.

Тој објасни дека органската храна е онаа што се добива без употреба на хемиски средства, туку исклучиво со природни средства за заштита на растенијата.

„Тоа почна да се развива кај нас. Денес, имаме околу 24.000 хектари под органско земјоделско производство“, посочи Недимовиќ.

Тој наведе дека Словенците неодамна продале популарна апликација на Кинезите и за тие пари купиле повеќе од 4.000 хектари земја во Банат.

„Тие сакаат да воспостават органско земјоделско производство на 3.800 хектари. Тоа ќе биде најголемата платформа за органско земјоделско производство во цела Европа.“, рече Недимовиќ.

Тој вели дека во последно време сретнал многу ИТ експерти кои инвестирале во земјоделството.

Извор: politika.rs

Може да ви се допадне

Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Таг:органско производствосрбија
Претходен напис Хемиски и бактериолошки неисправна водата за пиење во пет села во Виничко
Следен напис Не е секој мед добар за зимска исхрана на пчелите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?