Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Хрватска, наскоро надзор на сите обработливи површини, ако нема активности – нема поддршка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Хрватска, наскоро надзор на сите обработливи површини, ако нема активности – нема поддршка
Магазин

Во Хрватска, наскоро надзор на сите обработливи површини, ако нема активности – нема поддршка

Објавено 17/02/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Целта  не е да бидат оштетени земјоделците, туку да се олесни обработката на податоците и секако да се воведат  санкции кои ќе ги добиваат земјоделците доколку се покаже дека не ја обработувале земјата“ , вели директорката на Агенцијата за плаќање во земјоделството, рибарството и руралниот развој , Матилда Чопиќ.

Новиот  IT систем за надзор на земјоделските површини претставува  систем за мониторниг со кој ќе бидат опфатени сите обработливи површини, почнувајќи од 2021 година и истиот беше  претставен  во Регионалната комора Осијек, на стручниот собир за растително производство, кој се одржува секоја година пред пролетната сеидба.

„Ќе дефинираме кои се минималните активности што секој земјоделeц треба да ги направи во полето, за секоја култура поединечно. Доколку од достапните податоци како што се сателитските снимки и останатите податоци со кои располагаме, утврдиме дека земјоделцот ги направил сите потребни активности, неговото барање за добивање на поддршка ќе биде прифатено, но доколку се утврди дека не ги извршувал потребните активности или пак уште полошо дека воопшто не работел, барањето ќе му биде одбиено.

Секој земјоделец на нашата веб страна сам ќе може да ги прати своите активности и на тој начин самиот ќе утврди дали ќе може да се пријави за нешто или не. Целта не ни е да ги оштетиме земјоделците туку да се олесни обработката на податоците и секако да се воведат  санкции кои ќе ги добиваат земјоделците доколку се покаже дека не ја обработувале земјата , вели директорката на Агенцијата за плаќање во земјоделството, рибарството и рурален развој  Матилда Чопиќ.

Исто така беше представена и новина во врска со E–земјоделска картичка , која ќе замени три веќе постоечки картички и тоа земјоделската, онаа за плава нафта и онаа за користење на заштитни средства. Вистинските земјоделци новaта картичка ќе ја добијат веќе во мaрт оваа година.„Ќе ги обединиме сите три картички во една со која ќе може да се добие пристап до сите системи и на секоја ќе има електронски потпис. Со тоа сите процедури во Агенцијата ќе бидат олеснети и ниту еден документ нема да може да биде загубен.“-објасни директорката.

Се очекува зголемување на површините со шеќерна репа

Крунослав Каралиќ, помошникот на министерката за земјоделство, на собирот ги презентирал и проценките од пролетната сеидба, како и актуелните прописи кои се однесуваат на земјоделското производство. „Од 2018 година кога растителното производство порасна за 12%, забележуваме значително зголемување во областа на растителното производство на житрици и индустриските растенија. Очекуваме дека овие позитивни трендови ќе продолжат и оваа година, особено за шеќерната репа, каде што донесовме и програма за поддршка на производителите, па очекуваме и зголемување на површините за повеќ од илјада хектари“.

Додаде уште дека  се очекува во пролетната сеидба  да бидат засадени 250 илјади хектари со пченка, околу 12.500 хектари со шеќерна репа , додека за сончогледот и за сојата се очекува сеидба во рамките на минатата година.

За сите оние кои својата земја ја обработуват еколошки , професорот од Факултетот за агробиотехнички науки во Осијек , Бојан Стипешевиќ, одржа посебно предавање. Се работи за методи за зачувување на природните ресурси како што се јаглерод, кислород и сулфур  со што на годишно ниво се заштедува и по 500 куни на хектар површина. Тоа значи дека овие рсурси имаат економска и еколошка исплатливост.

Извор:Агроклуб

Може да ви се допадне

Шарени ражничи
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Таг:Надзор на обработливите површиниСанкции за земјоделцитеХрватска
Претходен напис Лукoт го садат рачно, а сè што ќе произведат го продаваат до средината на октомври
Следен напис Причини за овенување на расадот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?